ВИ платформа што го освојува светот: ЧетГПТ достигна 900 милиони неделни корисници - Канал 5

ВИ платформа што го освојува светот: ЧетГПТ достигна 900 милиони неделни корисници

Компанијата ОпенАИ објави дека нејзиниот најпознат производ ЧетГПТ достигнал нова голема пресвртница - платформата сега ја користат околу 900 милиони активни корисници неделно.

ВИ платформа што го освојува светот: ЧетГПТ достигна 900 милиони неделни корисници

Овој податок покажува колку брзо расте популарноста на вештачката интелигенција. Од компанијата потврдуваат дека ЧетГПТ продолжува да урива рекорди, а бројот на корисници кои секојдневно ја користат оваа алатка базирана на вештачка интелигенција сега е на ниво за кое многу технолошки компании до неодамна можеа само да сонуваат.

Во октомври минатата година, оваа алатка имала околу 800 милиони неделни корисници. Од тогаш на платформата ѝ се приклучиле уште 100 милиони нови корисници. Со тоа овој ВИ асистент сè повеќе се приближува до симболичната граница од една милијарда активни корисници неделно. Освен во САД, продажбата на оваа алатка секојдневно расте и во други земји. Индија се издвојува како една од најбрзорастечките, со повеќе од 100 милиони луѓе кои неделно го користат ЧетГПТ

Популарноста на платформата ја следи и силен инвестициски замав. Компанијата неодамна обезбеди инвестиции во вредност од 110 милијарди долари, а меѓу инвеститорите се наоѓаат големи технолошки компании како Амазон, Енвидија и Софт банка. По оваа инвестиција, проценетата вредност на компанијата порасна на околу 840 милијарди долари. Сепак, развојот и одржувањето на ваков систем е исклучително скап. Процените покажуваат дека трошоците за серверска инфраструктура и развој на нови модели на вештачката интелигенција до 2030 година би можеле да достигнат дури 665 милијарди долари.

Во меѓувреме, Гугл со својот модел Џемини се обидува да освои поголем дел од пазарот, но „ОпенАИ“ засега ја задржува водечката позицијa Иако некои сметаа дека почетниот ентузијазам за вештачката интелигенција со текот на времето ќе ослабне, статистиките го покажуваат спротивното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер