Вежби со дишење кои го чуваат здравјето на желудникот, го подобруваат и забрзуваат варењето - Канал 5

Вежби со дишење кои го чуваат здравјето на желудникот, го подобруваат и забрзуваат варењето

Лековитоста на вежбите за дишење на луѓето од Истокот им се познати уште од дамнина.  Денес заеднички се познати како „пранајама“. Јога-практичарот Алексеј Старовојтов објаснува како да дишете за да го подобрите варењето на храната.

Вежби со дишење кои го чуваат здравјето на желудникот, го подобруваат и забрзуваат варењето

Зошто е важно да знаете како правилно да дишете?

И покрај фактот дека дишењето е вроден, безусловен рефлекс, малкумина знаат правилно да дишат. Вредноста на вежбите за дишење лежи во фактот што тие го подобруваат здравјето на нервниот, ендокриниот, респираторниот, циркулаторниот, дигестивниот и уринарниот систем.

За да се постигнат трајни резултати, важно е секојдневно да се вежба на празен стомак.

Седнете удобно на подот. Држете ја главата свртена нагоре и 'рбетот исправен во текот на целата вежба. Ставете ги рацете на колена, со дланките свртени нагоре или надолу.

1. Вежба

Ставете ја десната рака на стомакот за контрола. Вдишете во абдоминалната празнина и издишувајте. Продолжете да дишете, вдишувајќи и издишувајќи низ нос. Држете ги градите и рамената опуштени.

Направете 12 повторувања.

2. Вежба

Вдишувајте додека броите до 4, задржете го здивот броејќи до 4, издишете додека одбројувате до 4 пати и повторно задржете го здивот 4 секунди. Длабоко вдишете и издишете полека за да се подготвите за вежбата, а потоа повторете ја вежбата 12 пати.

3. Вежба

Се изведува 36 пати со контракција на абдоминалната празнина: издишете нагло низ носот, а во овој момент стомакот нагло се контрахира навнатре (вдишувањето се случува автоматски).

4. Вежба

Длабоко вдишете низ нос во стомакот, а потоа полека издишувајте. Почнете да дишете со стомакот, вдишувајќи и издишувајќи нагло. Вашето тело треба да биде опуштено, а вежбата треба да се извршува исклучиво со движење на стомакот, дијафрагмата и белите дробови.

Вдишувањето и издишувањето се еден циклус. Изведете 10 вакви циклуси, потоа длабоко вдишете, и задржете го здивот додека ви е удобно. Вдишете дополнително потоа издишете.

Пранајама завршува со длабок здив и бавно издишување. Потоа вдишуваме, ги стегаме усните и издишуваме низ устата. Да повториме уште еднаш.

Овие вежби не треба да ги изведуваат:

бремени жени, жени за време на менструалниот циклус, и лица со влошено гастроинтестинално заболување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер