Вевчани ги живее своите два дена возбуда со карневалот под маски - Канал 5

Вевчани ги живее своите два дена возбуда со карневалот под маски

 Вевчани наредните два дена ќе пулсира во знакот на хуморот, сатирата, но и отворената критика кон негативното во секојдневието, кон општеството, светот, сето прикажано низ колоритните маски што ќе бидат дел од годинашното издание на познатиот

Вевчани ги живее своите два дена возбуда со карневалот под маски

Цела година луцидните вевчанци ги изработуваат своите маски што традиционално ги презентираат на 13 јануари, на главниот настан во годината за нив – познатиот Василичарски карневал посветен на Свети Василиј Велики, што како бренд се наметна низ годините како најуникатната културна манифестација во земјава.

Нивните креации се сработени со единствена цел – смешен, подбивен начин да исмејуваат познати, непознати ликови и да коментираат настани што ставија печат на старата 2019 година што изминува. Не случајно што изминува, затоа што за вевчанци Новата 2020 година пристигнува на 14 јануари, а тоа правило го почитуваат и гостите. Сите тука слават, а портите на домаќините, на сите куќи во селото овие два дена се отворени за секого. Жителите на ова село знаат како се пречекува гостин – со вино, греана ракија, мезе, сето зачинето со шега и насмевка.

Манифестацијата почнува денеска, со изложбата на Билјана Јуруковски која низ авторски израз ќе го презентира своето видување на Карневалот. Веднаш потоа следува гурманското шоу „Вкуси го Вевчани", или „Cooking with Branko". Градоначалникот на Општината Сашо Јанкоски заедно со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски ќе се сретнат со угостителите од општина Вевчани, сопствениците и менаџерите на ресторани, кафеани, кафе-барови во селото. Традиционално, вечерта е резервирана за добра забава, со богата програма за која овојпат се задолжени DJ Todorоff, „Brass Brothers", „Еye Cue" и Влатко Лозаноски.

Карневалските свечености продолжуваат утре со централниот настан на манифестација – главното дефиле на василичарите со маските низ улиците на вевчанската „держава", како што си го викаат селото самите вевчанци. Тоа е таа поворка за која се вели дека „се може да се одложи, само Вевчанскиот карневал не". Тој ден забавата трае од зората до другиот ден. После дефилето чиј почеток е предвиден за од 14 часот, организирана е голема сенародна забава со настапите на Дамјан Стојановски, Татијана Стефановска и Дувачкиот оркестар „Весела дружина".

Вевчани од 1993 година е член на Здружението на европски карневалски градови. Организаторите секоја година се грижат манифестацијата да биде збогатена со некоја новина. Самиот карневал има интернационален дух бидејќи на него учествувале и гости од странство. Досега со свои маски низ вевчанските сокаци продефилирале и учесници од Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција…И сето тоа пред повеќеилјадна публика, од целата држава, но и бројни гости од странство кои добро знаат што се се случува овие два дена во годината во Вевчани.

На 14 јануари, кога се слави првиот ден од Православната или Стара нова година, останува да се заврши и онаа процедура според обичајот – точно на пладне на сред село да се палат маските од веќе изминатот карневал. Така е во Вевчани со години наназад. И уште тогаш, додека со палењето на старите маски се сумираат впечатоците, веќе се јавуваат и првите идеи, се планираат маските за наредното карневалско издание. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Човештвото се соочува со истребување до 2100 година поради злонамерната употреба на вештачка интелигенција или нуклеарен конфликт, покажува нова глобална проценка на ризикот.

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Овие две закани се на врвот на листата од 17 главни закани за здравјето на луѓето во следните 75 години. Тие вклучуваат намалување на трошоците за меѓународна помош од страна на богатите земји, климатската криза и неухранетоста кај децата.

Експертите кои стојат зад извештајот на престижното списание „Комисијата Лансет за глобалните здравствени закани во 21 век“ нагласија дека сите овие закани се меѓусебно поврзани, што значи дека мора да се решаваат истовремено. Сепак, тие нагласија дека за секоја од нив постои „реален тек на дејствување“.

„Одлуките што лидерите ќе ги донесат денес ќе го обликуваат здравјето и благосостојбата на следната генерација“, рече професорот Кристофер Мареј, копретседател на комисијата и директор на Институтот за здравствени метрики и евалуација на Универзитетот во Вашингтон.

За да ја состави листата, комисијата моделирала колку години здрав живот би можеле да бидат изгубени поради болест, инвалидитет или предвремена смрт предизвикана од секоја од овие закани, врз основа на моменталните трендови. Користела мерка позната како години живот прилагодени на инвалидитетот.

„Злонамерната употреба на вештачка интелигенција, вклучително и создавањето биолошко оружје, како и нуклеарниот конфликт што би можел да предизвика нуклеарен глад, носат ризик од истребување на човештвото во следните 75 години“, се наведува во извештајот.

Авторите додаваат дека веројатноста за вакви сценарија е сè уште мала, но дека нивните последици би можеле да доведат до истребување на човештвото. Во случај на нуклеарен конфликт, доволно честички би можеле да стигнат до горната атмосфера, блокирајќи ја сончевата светлина и предизвикувајќи глад низ целиот свет. Друго сценарио вклучува употреба на биолошко оружје создадено со помош на вештачка интелигенција.

Во еден уреднички текст во списанието „Лансет“, објавен заедно со извештајот, се предупредува: „Доколку се материјализираат, обемот на штетата би бил таков што човештвото би доживеало апокалипса“.

Други ризици што би можеле да доведат до кумулативна загуба од повеќе од милијарда години здрав живот и затоа се класифицирани како „големи катастрофални закани“, вклучуваат загадување на воздухот, антимикробна резистенција, неухранетост кај децата и климатско нарушување.

Листата, исто така, вклучува конвенционални вооружени конфликти, намалување на меѓународната помош, прекумерна консумација на алкохол, висок крвен притисок, нееднаквост во приходите, ниско ниво на образование, природно настанати пандемии, дебелина, нарушено ментално здравје, пушење и нездраво стареење.

За да бидат на листата, заканите не само што мораа да имаат потенцијал да предизвикаат голема загуба на години живот поминати во добро здравје, туку и да имаат можни решенија за нивно ублажување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата

Славната манекенка Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер беа видени во јавноста за првпат по трагичната смрт на нивното најстаро дете и единствен син, Пресли Гербер, на 20 септември.

Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата

На фотографиите до кои дојдоа TMZ и Page Six, парот, кој е во брак 28 години, се држеше за раце за време на прошетка во Малибу, Калифорнија.

Тие изгледаа усогласено додека шетаа по плажата Зума, облечени во подеднакви бели горни делови и темни долни делови.

Крафорд носеше бела блуза со долги ракави, темни хеланки и патики, додека Ренди носеше бела кошула со кратки ракави, темни шорцеви и патики. И двајцата носеа капи на главите.

Двојката, заедно со нивната ќерка Каја Гербер, се држи подалеку од очите на јавноста по трагичната смрт на Пресли на 27-годишна возраст.

Снимките од повиците до службите за итна помош укажуваат на тоа дека надлежните интервенирале поради сомневање за предозирање, додека друга снимка наведува дека дошло до срцев застој.

Според информациите, во моментот на смртта, Пресли престојувал во центар за рехабилитација во Санта Моника.

Семејството на Пресли јавно не ја коментираше оваа тешка загуба, но кратко по неговата смрт, семеен претставник го опиша овој период како „многу тешко и болно време“. Извор изјави за „Page Six“ дека Крафорд е „скршена од болка“ и „целосно уништена“ поради загубата на Пресли, додавајќи дека семејството „сè уште се обидува да го сфати и прифати сето она што се случило“.

Списанието „People“ објави дека најблиското семејство „сè уште одлучува“ како најдобро да му оддаде почит на Пресли, додека извор за медиумот изјавил: „Тешко е да се носат такви одлуки кога сите се соочуваат со тешки емоции“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Ферари: на Хамилтон му се слошило по трката во Сингапур!

По завршувањето на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1, Луис Хамилтон морал да замине на лекарски преглед.

Паника во Ферари:  на Хамилтон му се слошило по трката во Сингапур!

Возачот на ферарри, се соочил со сериозни физички тегоби по исцрпувачката трка за Големата награда на Сингапур, за време на која извозе 62 круга при екстремна топлина и висока влажност на уличната патека „Марина Беј“.

Пилотот на Ферари по трката поради својата здравствена состојба не се појави пред медиумите , а италијанскиот тим потврди дека му била потребна медицинска помош.

Портпаролот на Ферари потврди дека седумкратниот светски шампион се чувствувал лошо откако излегол од болидот и бил прегледан од медицинскиот тим на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Поради тоа, на Хамилтон му било дозволено да ги пропушти вообичаените медиумски обврски по трката.

Проблемите на Хамилтон дополнително се влошија поради стратешка грешка за време на самата трка. Британецот не ја послуша наредбата на Ферари да влезе во боксот за време на периодот со виртуелно безбедносно возило, поради што беше принуден да продолжи да вози со стари и значително истрошени гуми.

Поради недостатокот на прилепување, тој не успеа да ја одбрани својата позиција во завршницата.

Хамилтон постепено губеше позиции, а го престигнаа возачот на Мерцедес, Кими Антонели, како и двајцата претставници на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Иако во еден момент се бореше за место на подиумот, трката ја заврши на шестото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер