Вучевиќ: Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави денеска дека за Србите на Косово секој ден е „терор“ и дека премиерот на Косово, Албин Курти, би сакал Србија да направи „погрешен чекор“ за да дојде до ескалација, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на Радио-телевизија на Србија (РТС) рече дека „Курти продолжува со својата политика“, дека вчера властите во Приштина ги „нападнале институциите на Електропривреда Србија“ и дека се надева дека некој од меѓународната заедница ќе реагира, иако се плаши дека „сепак нема да реагира“.

Тој кажа дека добрата вест е што во Косово успешно е спроведен завршниот испит за основците.

На вчерашната свечена седница на Владата во Крушевац по повод Видовдан, како што рече српскиот премеир, фокусот бил ставен на внатрешната и надворешната безбедност на Србија, зачувувањето на културниот идентитет и културното наследство и економијата.

- Добро е што во првиот квартал од годинава привлековме повеќе од две милијарди евра директни странски инвестиции, имаме 615 милијарди на сметка на буџетот, имаме најголеми девизни резерви – 27 милијарди евра. Сето ова покажува дека Србија е економски стабилна, изјави Вучевиќ за РТС.

Коментирајќи ја перспективата за пристапување на Србија во Европската унија, тој рече дека земјата „останува на европскиот пат“ и дека според годишниот извештај се создадени услови за отворање нов кластер, но дека тоа „секогаш на крајот завршува со политичка оценка дали некому сме му политички погодни“.

- Тоа се сведе на прашање на политика, а не на прашање за исполнување на пристапниот процес, рече тој и додаде дека Србија направила многу на полето на владеењето на правото, политичкиот систем, економијата и инфраструктурата. /МИА

Нова песна на Ана Петан во соработна со Копров посветена на Тоше

 Ана Петан е една од најсилните женски вокали во регионот.

Веќе на првите ноти од нејзиниот настап публиката е вљубена во нејзиниот глас.

Во соработка со легендарниот македонски композитор Григор Копров, создадена е прекрасна балада, која Копров ја посвети на легендарниот Тоше Проески, за кој Григор Копров ги напиша едни од најубавите песни од почетокот на својата кариера.

„ Balada za anđela“ е напишана од срце и душа и чекаше пејачка со ваков глас. Ана е одлична и очекува многу од неа“, вели композиторот Григор Копров.

Филмско студио Авала

Министерство за одбрана на Украина: Уништен руски центар за вселенски надзор на Крим

Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија.

Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите.

„Покрај тоа, вооружените сили на Украина успешно ги погодија јуришните авиони Су-25, системот за воздушна одбрана Оса и два МЛРС 'Град' на руската армија. Целата оваа опрема е уништена“, соопшти украинското Министерство. /МИА

притисни ентер