ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола
2ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола
МакедонијаВештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворенВо судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ . Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект. На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите. На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСнема струја на концертот на Северина, публиката ја воодушеви со реакцијата (ВИДЕО)Северина ја заврши летната концертна турнеја со настап во Карловац, каде што ги отворија 39-тите Карловачки денови на пивото пред повеќе од 20.000 луѓе. Концертот беше обележан со екстремна топлина, но и со неколку сосема непланирани ситуации - од прекини на електричната енергија до нејзините здравствени проблеми, објави Индекс. По настапот, пејачката ги сподели своите впечатоци на Инстаграм и откри дека условите воопшто не биле лесни. „Концертот во Карловац ги имаше сите карактеристики на рок, на плус 30, а под овој балон плус 800. Беше огнено, потно“, напиша таа. Градот остана без електрична енергија, публиката продолжи да пее Најлошата лоша среќа се случи на средина од концертот, кога струјата снема во Карловац. Според Северина, градот беше без електрична енергија околу 20 минути. „Струјата снема во целиот град 20 минути. Но, публиката и ние не застанавме ниту тогаш“, рече таа. Наместо да го прекинат настапот, публиката ги вклучи светлата на своите мобилни телефони и продолжи да пее заедно со Северин. На снимката што ја објави, толпата пред сцената може да се види осветлена од екрани и блицови на мобилни телефони, додека песната продолжи без вообичаеното осветлување и звучници. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Се качи на сцената со треска Дури за време на концертот, Северина ѝ откри на публиката дека не се чувствува добро пред да излезе на сцената. Таа рече дека имала треска, но сепак одлучила да настапи. По признанието, публиката ја награди со аплауз и овации, а пејачката го заврши концертот до крај. Таа ја заврши својата летна турнеја со настапот во Карловац, а по концертот ѝ се заблагодари на публиката што ја помина последната ноќ од турнејата со неа. И покрај топлината, прекините на струја и температурата, концертот заврши во добра атмосфера, а токму непланираните моменти на крајот станаа еден од најпаметните делови од вечерта.Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДронови навлегоа во Естонија — војската прогласи воздушна тревога, НАТО подигна борбени авиониЕстонските одбранбени сили ноќеска издадоа предупредување за можна воздушна закана откако дронови влегле во воздушниот простор на земјата.Според естонската војска, неколку дронови се движеле долж источната граница меѓу Естонија и Латвија, а дел од нив влегле во естонскиот воздушен простор. Турски борбени авиони, што учествуваат во мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор на балтичките земји, биле подигнати во воздух за да ги пребаруваат дроновите. Во реакцијата на потенцијалната воздушна закана биле вклучени и сојузничките сили на естонија, како дел од заедничката мисија на НАТО. Околу 6 часот наутро, воздушната тревога во Естонија била укината. Војската не соопшти дополнителни информации за движењето на дроновите или за нивното потекло.Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозволаГоран „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба? Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима. Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е. Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија. Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува. На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија. Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон "Пелагонија" вредно милиони. Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години. Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27