Вештачката интелигенција станува втор пилот во борбените авиони - Канал 5

Вештачката интелигенција станува втор пилот во борбените авиони

Жестока дебата се отвори на  познатиот аеромитинг во Фарнборо во Обединетото Кралство: дали е блиску ерата на борбени авиони без луѓе во пилотската кабина.

Вештачката интелигенција станува втор пилот во борбените авиони

Експертите сметаат дека иднината на воздушното војување веројатно ќе биде во заедничка операција на авиони со екипаж и беспилотни летала. Еден ден, пилотите на ловците „ќе имаат беспилотно летало под нивна контрола што ќе ја игра улогата на поранешен радарски оператор“, рече Џон Норман, потпретседател на гигантот од одбранбената индустрија Raytheon Technologies Corp. Отстранети се тешкотиите што постоеја до неодамна во комуникацијата меѓу пилотите и беспилотните летала, вели Норман. Сега е можна директна комуникација, во реално време, меѓу беспилотни летала и борбени авиони.

Џон Норман исто така наведува дека пилотската кабина се полни со вештачка интелигенција која ќе анализира многу податоци од сензорите поставени на авиони, беспилотните летала или проектилите кои летаат во воздух, така што пилотите на небото и командантите во штабовите ќе имаат целосен преглед на бојно поле во сите димензии. Во тие околности, пилотот во авионот би можел да го контролира беспилотното летало и да го испрати да ги нападне непријателските позиции, објаснува експерт од Raytheon. Тоа е дополнителен аргумент за постоење на пилот во авионот бидејќи има подобар преглед на ситуацијата од пилотот на беспилотното летало од земја. Корпорацијата Локхид Мартин, која го произведува најмодерниот борбен авион Ф-35, смета дека вештачката интелигенција и обработката на податоците што ги нуди ќе бидат дополнителен аргумент за опстанок на пилотите.

Но, Пентагон оди подалеку. Програмата Air Combat Evolution, водена од Агенцијата за напредни истражувачки проекти на одбраната на Пентагон, работи на инкорпорирање на вештачка интелигенција во самата борба, што значи дизајнирање на авион што може самиот да лета во борба. Програмата веќе извела симулација на воздушна борба во живо, спротивставувајќи го пилотот со виртуелен авион контролиран од машина. Ако сѐ биде во ред, истражувачите планираат да изведат борба во живо до 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина.

Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет.

Кај нив едноставно речено, работи Фројд.

До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада.

И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан.

Почитувани граѓани,

Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените.

Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре.

Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен!

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропството

Кралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.

Кралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропството

Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години.

Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии.

Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец.

Кралот нема да упати формално извинување

„Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа.

Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации.

„Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата.

„Извинувањето не би било на одмет“

Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети.

Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“.

Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиена пензионерка во Ѓорче Петров

Во населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, информираат од МВР. 

Убиена пензионерка во Ѓорче Петров

Во населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, потврдија од МВР.

Велат дека во 09:18 часот, во СВР Скопје, М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А.(76) без знаци на живот.

„Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за можен сторител или мотив.

Истрагата треба да ги утврди околностите под кои починала жената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер