3Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски
ТехнологијаВештачката интелигенција ја решила мистеријата на древните списи од Херкуланум (ВИДЕО)Херкуланеум бил антички град во Кампанија кој исчезнал за време на ерупцијата на Везув на 24 август 79 година од нашата ера.Според легендата, ја основал Херкулес, а денес на негово место стои италијанскиот град Ерколано. 1.600 години Херкуланеум стоел покриен со пепел, а бил откриен во 1709 година, кога започнале деталните ископувања. Освен човечки останки, пронајдени се и разни уметнички дела, како и библиотека со свитоци од папирус со антички ракописи. Гореспоменатата библиотека, наречена „Вилата на папирусот“, била намалена реплика на библиотеката во Александрија и исполнета со полици и шкафови. Најголемиот број ракописи, од вкупно 1.800, се пронајдени под дебел слој пепел, па не можело да се одвиткаат и прочитаат, пренесува LadBible. Но, научниците не се откажале, решени да откријат какви тајни кријат древните списи. Така, во 2023 година е лансиран „Везув предизвик“ кој вклучува значителни награди (вкупниот фонд е еден милион долари) за истражувачите кои ќе успеат да ги дешифрираат ракописите. Експертите почнале да работат, верувајќи дека свитоците од Херкуланеум содржат „невиден текст од антиката“. Така доаѓаме до Јусеф Надер (Германија), Лук Фаритор (САД) и Џулијан Шилигер (Швајцарија) кои читаат 15 колони од еден свиток користејќи машина за кодирање напојувана со вештачка интелигенција. Станува збор за сложена процедура која вклучува скенирање на папирусот, а повеќе детали можете да дознаете во следното видео: Ten months ago, we launched the Vesuvius Challenge to solve the ancient problem of the Herculaneum Papyri, a library of scrolls that were flash-fried by the eruption of Mount Vesuvius in 79 AD. Today we are overjoyed to announce that our crazy project has succeeded. After 2000… pic.twitter.com/fihs9ADb48 — Nat Friedman (@natfriedman) February 5, 2024 Дешифрираниот текст е дел од епикурејската филозофија на тема задоволство. Откриени се старогрчки букви и се чини дека авторот (најверојатно филозофот и поет Филодем) разговара „дали поради тоа ретките работи се попријатни“. „Како и во случајот со храната, ние не веруваме веднаш дека работите што се ретки се апсолутно попријатни од оние што се во изобилство“, се вели во еден пасус. Во последниот пасус, авторот ги критикува своите интелектуални противници кои „немаат што да кажат за задоволството, воопшто или особено, кога станува збор за дефиницијата“. Организаторите на „Vesuvius Challenge“ истакнуваат дека 5% од еден свиток е дешифриран, поради што продолжуваат со кампањата и го зголемуваат наградниот фонд во 2024 година. „Новата главна награда е 100.000 долари за првиот тим што може да прочита најмалку 90% од сите четири скенирани свитоци“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Талогот“ ги скара власта и опозицијатаВласта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања по вчерашниот говор на премиерот Мицкоски по повод денот на независноста. Од СДСМ реагираат дека Мицкоски во своето обраќање наместо за единство и повикување на заедништво, повторно ја активирал, како што велат, кампањата „Талог“ со поделби и навреди на граѓаните, во недостаток на, како што велат, резултати на Владата во ниту една област, ниту во европскиот пат на земјата. -Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител. Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја, изјави Жерновски. Жалам што СДСМ се препознава во талогот, одговори премиерот Мицкоски денеска, коментирајќи ги обвинувањата од опозициската партија за неговата реторика. Кажа дека тој ниту еднаш не се пожалил на нивните секојдневни навреди и клевети, а Владата како што рече ќе продолжи да испорачува проекти за граѓаните, наместо да се занимава со опозицијата. –Јас многу прецизно реков дека талогот не смее да ја победи елитата, затоа што ако талогот ја победи елитата и стане елита, тогаш вистинската елита ќе си замине, а тоа не е добро. И затоа мораме да го победиме талогот, жалам што тие се препознаваат како такви, сепак Фројд е појак од нив претпоставувам и од нивните карактери. Иако на отворена сцена навредуваат, измислуваат, не клеветат, секако не нарекуваат за да не омаловажат, но ниту еднаш немам кажано ниту се има пожалено на нивните прес конефренции, без исклучок се е лага. Не излегов да плачам, цимолам пред граѓаните...Тие нека тонат во своето политичко мочуриште, а ние ќе продолжиме да испорачуваме резултати, изјави Мицкоски. Според Мицкоски, Владата ја носи Европа дома, не како што рече со коленичење и прифаќање ултиматуми, туку Европа на принципи. Тој го повтори ставот дека нема подобра алтернатива за земјата и граѓаните од ЕУ, но прво очекува да се создаде заедничка доверба за да може да се разговара. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЗапочнува изградбата на ветерен парк во ШтипЗа три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип. Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски. Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства. „Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти. По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“. Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект. Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11