Вештачката интелигенција ја брише иднината на 100 милиони работници од сите профили само во САД - Канал 5

Вештачката интелигенција ја брише иднината на 100 милиони работници од сите профили само во САД

Вештачката интелигенција и автоматизацијата би можеле да уништат речиси 100 милиони работни места во Соединетите Американски Држави во текот на следната деценија, според извештајот објавен од сенаторот Берни Сандерс.

Вештачката интелигенција ја брише иднината на 100 милиони работници од сите профили само во САД

Анализата, заснована на наодите од ChatGPT, иронично, покажува дека новата технологија би можела да ги загрози работните места во широк спектар на занимања.

Според Сандерс, кој е рангиран член на Сенатскиот комитет за здравство, образование, труд и социјална помош, вештачката интелигенција, автоматизацијата и роботиката би можеле да влијаат на 40 проценти од медицинските сестри, 47 проценти од возачите на камиони, 64 проценти од сметководителите, 65 проценти од асистентите за настава и дури 89 проценти од работниците во брза храна.

„Земјоделската револуција траеше илјадници години. Индустриската револуција траеше повеќе од еден век. Вештачката работна сила би можела да ја преобликува економијата за помалку од една деценија“, се вели во извештајот.

Според „Њујорк пост“, дискусиите за регулирање на вештачката интелигенција се загреваат во Вашингтон.

Администрацијата на Трамп тврди дека Соединетите Американски Држави треба да го предводат развојот на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека таа би можела да стане прашање за национална безбедност ако Кина ја добие трката.

Во меѓувреме, демократите во Сенатот бараат построга регулација на секторот - како и заштита на работниците, вклучително и намалување на работната недела на 32 часа и воведување „данок на роботи“ за компаниите што преминуваат на автоматизација.

Амазон и Волмарт, двете најголеми јавно тргувани американски компании според приходите, веќе отпуштија десетици илјади работници додека ги зголемуваат инвестициите во автоматизација.

Во колумна за Фокс њуз, Сандерс предупреди дека вештачката интелигенција и роботиката што ги развиваат милијардерите ѝ дозволуваат на корпоративна Америка да „избрише десетици милиони пристојно платени работни места, да ги намали трошоците за работна сила и да го зголеми профитот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер