Вес Мичел в четврток во Скопје

Во меѓународната предрефендумска битка се вклучува и американскиот Стејт Департмент.

Веќе в четврток, во Македонија доаѓа помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. Во соопштението на Стејт Департментот се наведува дека Мичел ќе има средби со македонскиот премиер Заев, претставници на партиите и со бизнис заедницата. Целта е, како што се потенцира во соопштението, е да даде поддршка на Договорот од Преспа и на претстојниот референдум.

Во успешен договор за името е убеден и грчкиот премир Ципрас, кој денеска со часови зборуваше пред Европскиот Парламент. За него, спогодбата од Преспа е врв на грчките напори и пример, кој треба да го следи Западен Балкан.

-Со премиерот на ПЈРМ Заев успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение за името без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Овој договор за името може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

На обраќањето на Ципрас, му претходеше дебата, на која тој беше прашан, но не одговори прецизно, како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија, ако биде прифатен Договорот. Грчкиот премиер само одговори дека се надева оти ПЈРМ ќе го смени уставот и ќе се вика Северна Македонија. Ја обвини и опозицијата во двете земји.

-Г-нот Мицотакис од Грција и г-нот Мицкоски од ПЈРМ, кои и припаѓаат на Европската Народна партија, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и оти договорот е штетен, изјави Ципрас.

Ципрас потенцираше и дека една од главните придобивки за Атина од Договорот е дека во иднина Македонија нема да може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер