Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ФормулаВерстапен: Ред Бул има целосна доверба во главниот стратег ШмицВозачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази доверба во способностите на главниот инженер на тимот Хана Шмиц. На Големата награда на Катар, благодарение на здравата стратегија, Верстапен ја освои победата и ја намали разликата во однос на лидерот во шампионатот Ландо Норис на 12 поени. - Хана и јас имаме долга работна врска. Споделивме неколку неверојатни моменти и возевме неколку одлични трки. Таа е многу добра во тоа што го прави, па затоа имаме доверба во неа. Одлично е да се започне трката знаејќи дека е во боксот. Имаме одлична комуникација, сè е многу едноставно. Ми се допаѓа тоа, рече Верстапен. Последната трка од Формула 1 шампионатот за сезоната 2025 ќе се вози во Абу Даби претстојниот викенд.Тагови: Макс Верстапен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хрватска пејачка воодушеви во бикиниХрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм. Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен. На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето. Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТотенхем го договори трансферот на Савињо, на ред е МармушБогатиот англиски премиерлигаш Тотенхем кој минатата сезона се спаси од испаѓање летово е многу активен на трансфер пазарот.Тимот од Лондон денеска во пакет-трансфер ги ангажира напаѓачот Омар Мармуш (27) и левото крило Савињо (22) од Манчестер Сити. Мармуш по одличните игри во Ајнтрахт му се приклучи на Сити во јануари 2025 година за 75 милиони евра. Оттогаш, Сити главно го користеше како замена од клупата. Во текот на година и пол на Итихад, Египќанецот одигра 62 натпревари и постигна 16 гола. Неговиот договор важи до 2029 година. Тотенхем беше заинтересиран за Савињо уште од минатото лето. Во октомври, Бразилецот – кој пристигна пред две години од Троа за 25 милиони евра – дури и потпиша предвремено продолжување на договорот со Сити до 2031 година. Како и Мармуш, и тој минатата сезона не успеа да излезе од улогата на играч за ротација. Вкупно, тој одигра само 1.502 минути за Сити, запишувајќи четири гола и три асистенции. Фабрицио Романо објави дека трансферот на Савињо е завршена работа. Сити ќе заработи речиси четири пати повеќе од првичната инвестиција; Тотенхем плаќа фиксна сума од 85 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 90 милиони евра. Тој додава дека „Спурси“ постигнале договор со Мармуш и дека преговорите меѓу клубовите напредуваат. Досега, Тотенхем има инвестирано 267 милиони евра во овој преоден рок. Мартин Дубравка пристигна како нов резервен голман. Одбраната ја засилија Јан Пол ван Хеке, Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон. Во средниот ред го ангажираа Матеус Фернандес, како и Сандро Тонали од Њукасл Јунајтед за 108 милиони евра. Мармуш и Савињо би донеле нова димензија во нападот на Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на ПрилепПреку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. "Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти. Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски. Тој истакна дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика. "Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп. Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година", изјави Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05