Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен
1Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен
Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
1Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
ФормулаВерстапен победи на спринтот на Големата награда на БелгијаВозачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои денешниот спринт на Големата награда на Белгија.Дваесет и седумгодишниот Холанѓанец оствари најдобар резултат. Оскар Пјастри од Мекларен заврши втор, а другиот возач на Мекларен, Ландо Норис го освои третото место. Гран При на Белгија ќе се одржи утре со почеток во 15 часот. Тагови: Макс Верстапен Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМинистерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можностаМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци. Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите имаат доволно време да ја искористат оваа можност. Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција, туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергенс и подобрување на квалитетот на животната средина. Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање. За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување. Повеќе информации има на сајтот на министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови. Министерството ги повикува сите граѓани кои планираат приклучување на природен гас или набавка на котел на гас да не ја пропуштат можноста за државна поддршка и навремено да ја поднесат потребната документација. Поддршката на граѓаните останува еден од приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку конкретни мерки и субвенции, Министерството продолжува да спроведува политики што носат директни придобивки за домаќинствата, ги намалуваат трошоците за енергија и го забрзуваат преминот кон поефикасни и поодржливи решенија за греење. Со почит, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗдравјеСкопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец Седумдесет и шестгодишен скопјанец кој не патувал во странство се бори за живот на респиратор откако го каснал домашен комарец заразен со западнонилска треска, информираше директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.Осум регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија сами по себе не претставуваат причина за паника.но, тие се причина за внимание вели епидемиолот Драган Даниловски тој предупредува дека овие осум случаи не треба да се сфатат како вкупниот број заразени. „Ова е видливиот врв на една епидемиолошка санта мраз“, изјави Даниловски, укажувајќи дека зад секој потврден тежок случај може да стојат десетици, па и стотици лица кои биле заразени без да знаат, бидејќи кај нив инфекцијата поминала без симптоми или со лесна клиничка слика. Ова предупредување се темели на добро познати епидемиолошки карактеристики на вирусот Западен Нил. Според медицинските податоци, околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, додека кај приближно 20 проценти се развива полесна форма со температура, главоболка, болки во мускулите и малаксаност. помалку од еден процент развиваат тешка невроинвазивна форма, со менингитис или енцефалит, која најчесто бара болничко лекување. Регистрираните пациенти не ја претставуваат целосната слика за циркулацијата на вирусот, напротив, тие најчесто се првиот сигнал дека вирусот веќе извесно време е присутен во средината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Други спортовиОд Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежиНа претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3.На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3 баскет. Најмлад член на делегацијата е тенисерката Сара Митевска, а најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта кон спортот. Искусните ќе имаат нова можност да се докажат на големата меѓународна сцена, додека за младите ова ќе биде прво драгоцено искуство на мултиспортски настан од ваков ранг. Македонската делегација ќе има свои претставници во 19 спортови, поделени во индивидуални и екипни дисциплини. Во индивидуалните спортови Македонија ќе настапи во атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спорт, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил. Во екипните спортови македонските бои ќе ги бранат тимовите во ракомет, одбојка, 3х3 баскет и фудбалската репрезентација до 21 година. Без разлика на дисциплината и патот до успехот, сите ги обединува истата привилегија – да го носат националниот дрес и да бидат дел од големата спортска приказна. Меѓу имињата кои ќе ја предводат македонската делегација се спортисти со значајни достигнувања на меѓународната сцена. Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, повторно ќе биде дел од голем спортски предизвик, додека Милијана Релиќ продолжува да го гради својот пат меѓу најдобрите таеквондистки во светот. Нејзината посветеност и резултатите ја донесоа меѓу најдобрите на светската ранг-листа, а воедно ја направија една од македонските спортистки кои беа најблиску до обезбедување место на Олимписките игри. Во атлетиката, Македонија ќе ја претставува Дарио Ивановски, националниот рекордер во маратон, а свои настапи ќе имаат и Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров во борење, како и останатите македонски репрезентативци. Најмладиот член на македонската делегација е тенисерката Сара Митевска, додека најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт. Во составот на нашата делегација ќе биде и фудбалската репрезентација до 21 година, како дел од тимовите во екипните спортови. За младите фудбалски надежи ова ќе биде можност да стекнат ново искуство и да се натпреваруваат со врсници од медитеранските земји. Во Таранто ќе настапи и женската одбојкарска репрезентација, која ќе настапи со најсилниот состав, а заедно со останатите тимови ќе ја претставува силата на колективниот спорт и вредностите на тимската работа. Со ова учество, Македонија по четврти пат како независна држава ќе биде дел од Медитеранските игри. Благодарение на посветената работа и поддршката од Македонскиот олимписки комитет (МОК), македонските спортисти ќе добијат уште една можност да бидат дел од големата спортска сцена, да го покажат својот квалитет и со гордост да ги претстават националните бои.Тагови: МОК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook