Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
2Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
ФормулаВерстапен: Новото правило за запирање во боксот може да доведе до хаос во Монако Според светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, новото специјално правило за запирање во боксот што ќе стапи на сила за време на Големата награда на Монако би можело да доведе до многу луда трка во Кнежевството.Како што е познато, за да се зголеми интригата на трката во Монако оваа година, возачите ќе мора да направат најмалку две застанувања во боксот, без разлика какви се временските услови. Важно е да се напомене дека менувањето на гумите за време на црвено знаме нема да се смета за запирање во боксот, туку може да се направи за време на безбедносно возило или виртуелно безбедносно возило. -Мислам дека може да помине на два начина: може да биде многу едноставно или може да настане целосен хаос поради безбедносното возило и потребата да се донесат правилни одлуки. Нормално, кога имате едно запирање и сè е во ред, едноставно возите до целта. Само треба да бидете фокусирани и да не ги удирате бариерите. Но, со две запирања можеби ќе видиме некои луѓе како преземаат ризици, изјави Верстапен. /МИАТагови: Макс Верстапен Монако Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter