Верниците од исламска вероисповед го слават Рамазан Бајрам, утринска молитва во Иса Бег џамија - Канал 5

Верниците од исламска вероисповед го слават Рамазан Бајрам, утринска молитва во Иса Бег џамија

Рано изутрина бројни верници од муслиманската вероисповест беа на молитва, се помолија за здравје и благосостијба, на своите блиски, побараа прошка.., по што следуваат честитките по повид празникот Рамазан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед го слават Рамазан Бајрам, утринска молитва во  Иса Бег џамија

Оџата Мухарем Исмаили од Иса Бег џамијата објасни дека суштината на празникот е хуманоста, а последниот ден од постот е значаен заради сознанието дека е важно да се биде ист и со оние кои немаат.

Исмаили потенцираше дека Рамазан Бајрам е значаен заради заедништвито во славењето, а празникот испраќа порака за меѓусебна љубов и поддршка.

На молитва во Иса Бег џамијата сретнавме неколку верници, кои ни објаснија што значи овој празник и како го минуваат празнувањето.

Оџата Исмаили беше еден од првите верници кои им даде поддршка на семејствтата на повредените од Кочани, денеска околу овој настан ја испрати следната порака.

На сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот и на сите граѓани им поскака мир, сполтеност и мегусебна поддршка и солидарност и во добри и во лоши моменти.

YouTube video

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?

Филипче во својот живот има работено како лекар, министер, пратеник, а со тие примања, тешко се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.

Оттука се поставува прашањето, од каде му пари на Филипче за инвестиции во Дубаи? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50катница во Дубаи? Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? Или можеби ги чувал од мекици и родендени?

Почитувани,

Исмевање на интелигенцијата на народот, Филипче мисли дека ќе му пројде. Но, граѓаните и те како ги имаат прочитано и Филипче и СДС. Затоа, Филипче е со рејтинг рамен на статистичка грешка.

Филипче и Заев изминативе години ја срозија државата, ја донесоа пред банкрот, а сега со украдените пари, градат ли 50катница во Дубаи?

Филипче и Заев се срам за Македонија. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Во што се претвори СДС?

Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Петрушевски: Во што се претвори СДС?

Венко Филипче и СДС молчат за трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци.

Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник?

Имено пред 3 дена, Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, е фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е трет партијаш по Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци е фатен со дрога.

Дали СДС и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков?

СДС е партија која се претвори во заштитник на криминалци.

Венко Филипче има шанса и денес да се откаже од наркодилерите во неговите редови. Ако тоа не го стори, повеќе од јасно е дека нема интерес од тоа, и дека интересот се крие во нешто друго.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Јагодите можат да траат со недели во фрижидер ако ги чувате со еден едноставен предмет. Овој едноставен трик може да спречи јагодите да се расипат пред да стигнете да ги изедете.

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Сезоната на јагоди е во полн ек – цените се пониски, но предизвикот е како да се зачуваат свежи. Овошјето лесно се мувлосува бидејќи комбинацијата на влага и шеќер создава идеални услови за развој на мувла.

Најчеста грешка е оставање на јагодите во пластичната амбалажа во која се купени. Во топло време, тоа станува вистинска сауна за кондензација – и го забрзува расипувањето.

Јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели

Но, постои едноставно решение кое го споделува Хедер, готвачка и авторка на блогот „Fit Mama Real Food“, а пренесува Мирор.

Нејзиниот трик за да ги сочува јагодите свежи и до две недели е – кујнска хартија.

„Главната причина за расипување е вишокот на влага. Добрата вест е дека тоа може да се избегне“, вели таа.

Како? „Ставете хартиена салфетка на дното од плитка стаклена кутија. Наредете еден слој подготвени јагоди.“

Хартијата ќе ја впие вишокот на влага и ќе спречи појава на мувла или бактерии.

Бидејќи јагодите имаат нежна и порозна површина, која лесно впива, трикот на Хедер е вистинско спасение.

Како правилно да ги чувате јагодите:

- Наполнете голем сад со ладна вода и потопете ги јагодите 2 минути. (Ако сакате, можете да додадете оцет – 1 чаша на 4 литри вода. Но, не држете ги повеќе од 5 минути.)

-Исцедете ги и исплакнете под ладна вода.

-Наредете ги на чиста кујнска крпа или хартиени салфетки – во еден слој – и оставете да се сушат на воздух 2 до 3 часа. (Овој чекор е клучен – влажните јагоди брзо се расипуваат.)

-Откако ќе се исушат, наредете ги во стаклена кутија, со хартиени салфетки на дното и меѓу слоевите јагоди.

-Затворете ја кутијата со капак и ставете ја во фрижидер.

Со оваа метода, јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели.

притисни ентер