Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска - Канал 5

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска

Собранието денеска на 61-та седница ги верификуваше мандатите на новите пратенички, Санела Шкриељ и Марија Кочовска. 

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска

Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега ја извршува функцијата министер за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е министерка за култура.

Вкупно гласаа 90 пратеници, од кои 89 гласаа „за", еден воздржан и ниту еден против.

По верификацијата, новите пратенички влегоа во собраниската сала и учествуваа во работата на седницата. Мандатите на новите пратенички вчера ги потврди Државната изборна комисија (ДИК) на својата 43-та седница.

На денешната седница пратениците ја поддржаа Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ) и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Потоа претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, затоа што за останатите точки од дневниот ред не расправале матичните собраниски комисии. Пратениците дополнително ќе бидат информирани за продолжување на седницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата.

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ.

Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна.

Само кај Мицкоски секоја мерка наместо да ги намали цените, ги зголемува или нема никаков ефект.

Наместо да ги прифати предлозите на СДСМ за навремени и системски мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата, ВМРО-ОКГ одбиваше да реагира - било намерно, било од незнаење и неспособност.

Резултатот е ист: цените на горивата, храната и основните производи постојано растат, а граѓаните плаќаат највисока цена.

Ова е систематска политика на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО која доведе до економски колапс.

Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата.

Граѓаните живеат во страв по секоја мерка на Мицкоски. Можат само да очекуваат нови поскапувања од ден на ден, додека ВМРО-ОКГ продолжува со истата политика на доцнење и неуспех.

Скопје, 19.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници луѓе на улиците на Киев. „Зеленски, разреши го врховниот командант на армијата“

Протестите на улиците на Киев поради разрешувањето на украинскиот министер за одбрана Михаило Федоров продолжуваат;.

Илјадници луѓе на улиците на Киев. „Зеленски, разреши го врховниот командант на армијата“

Протестите на улиците на Киев поради разрешувањето на украинскиот министер за одбрана Михаило Федоров продолжуваат; претседателот Володимир Зеленски изјави дека го слуша јавното мислење и дека разговарал и со Федоров и со врховниот комендант на војската, Олександр Сирски, пренесува новинската агенција ДПА.

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека се подготвуваат одлуки поврзани со војската, но не наведе детали. Неколку илјади демонстранти, главно млади луѓе, во саботата трет ден по ред излегоа на улиците на Киев за да протестираат против разрешувањето на Федоров.

Нивното главно барање е Зеленски да го разреши Сирски. Како причина за разрешувањето на Федоров се наведува конфликт меѓу него и Сирски.

Функцијата министер за одбрана привремено ја презеде разузнавачот Евгениј Чмара. Сепак, Зеленски сè уште треба да ја поднесе кандидатурата на Чмара до парламентот и да добие потврда од пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните препознаа дека политиката и целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата

Граѓаните препознаа дека политиката и целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата, а не подобар Изборен законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните препознаа дека политиката и целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата

Реформските измени на Изборниот законик се подготвуваа со месеци на средби и во работна група каде активно учество зедоа претставниците на СДС, Левица и ДУИ.

Измените се градеа постепено со широк политички и партиски консензус, опозициските партии даваа забелешки и конкретни предлози кои целосно беа прифатени од владејачкото мнозинство.

Но, кога дојде момент да се стави потпис, да се покаже одговорност и измени на Избониот законик да се донесат, СДС, Левица и ДУИ избегаа од сопствениот постигнат договор.

Тоа покажува дека политиката на овие политички партии никогаш не била државничка и во интерес на граѓаните, туку дека тие, единствено, имаат политика на противење, опструирање и блокирање на се што е во корист на напредокот на државата.

Ваквиот однос потврдува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик, туку дека проблемот е што СДС, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија.

Тие можеби не се свесни, но со тоа признаа дека се борат против секое решение што значи напредок и успех за државата, а не за подобар Изборен законик. За СДС, Левица и ДУИ поважно е да создадат политичка криза во државата, отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска.

Доброто, во целата оваа работа, е што веќе се е на виделина и граѓаните одамна ја препознаа политиката на опозициските партии која е без идеи, без решенија и без никаква одговорност.

Политика за лични интереси која знае само да кочи и блокира се што е во интерес на државата, затоа и на следните избори, македонските граѓани жестоко ќе ги казнат и СДС, Левица и ДУИ, освен во опозиција, ќе ги испратат и во историјата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер