По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
Шоу бизВереникот на Меган Фокс си скрши чаша од глава и крвав го продолжи концертот (ВИДЕО)Вереникот на Меган Фокс, раперот Машин Ган Кели, ги згрози обожавателите со своето однесување по концертот како дел од Mainstream Sellout Tour, одржан во Медисон Сквер Гарден.Имено, на афтержурката во Catch Steakhouse Машин Ган Кели толку многу уживал во својот настап што во еден момент скрши чаша од главата извикувајќи „Ме боли к**от“, по што крвав продолжил да пее. Тој одбил завои од персоналот и ја избришал крвта што му капела по лицето со валкана крпа, а сето тоа го гледала од првиот ред актерката Меган Фокс. NOW WHY WOULD HE DO THIS?!?!?? 🤔👀 Machine Gun Kelly shared aftermath of him breaking glass on his forehead 😳 pic.twitter.com/DVHIaRrOAz — Power 106 (@Power106LA) June 29, 2022 Ден потоа се испоставило дека музичарот таа вечер премногу се забавувал за да ја исчисти раната или да се подготви за спиење, па наутро ги повикал придружниците во иста облека и ја покажал раната и исушената крв. Тој објавил и видео од својот настап, но набрзо го отстранил. Сепак, видеото се појави на Твитер, а луѓето не престануваат да се згрозуваат од неговото однесување. Тоа не бил неговиот единствен испад таа вечер. За време на неговиот концерт во Медисон Сквер Гарден, раперот е снимен како му вика на член на тимот. Обожавателите велат дека Кели излетал од сцената за да се соочи со вработен пред да мора да биде задржан од друг член на тимот додека свирел неговиот бенд. View this post on Instagram A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly) Кели неодамна откри во новиот документарен филм Machine Gun Kelly’s Life In Pink дека имал многу мрачен период по смртта на неговиот татко во 2020 година, па дури и размислувал за самоубиство. "Одлетав во станот на тато за да му ги расчистам работите. Имав навистина чудна интеракција со соседот на татко ми, кој ми ги кажа сите оние работи што не сакав да ги слушнам. Тоа уште повеќе ме потресе бидејќи не можев да ја повлечам линијата како што се надевав, не сакав да ја напуштам поранешната соба, сè околу мене стана мрачно“, вели раперот, кој поради непослушноста во тинејџерските години имал комплициран однос со својот татко. Долго време се борел со напади на параноја. Верувал дека некој ќе го убие и секогаш спиел со пушка под креветот, а оваа навика ја имал и на почетокот на врската со Меган Фокс, откако се вклучиле во снимањето на Midnight in Switchgrass во 2020 година, истата година кога умрел татко му. „Еден ден се скршив. Ѝ се јавив на Меган, која беше на снимање во Бугарија, и ѝ кажав дека не е со мене кога ми е најпотребна. Ѝ кажав дека ќе полудам, ја ставив цевка од пушката во уста. Меган ме слушаше без збор“, се извинил тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter