Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрилеп и Куманово 1941: Пукна првата пушка против фашистичкиот окупаторСекоја нација има датуми што го надминуваат своето историско значење и стануваат трајни симболи на нејзините вредности и стремежи. За македонскиот народ, 11 Октомври е токму таков ден. Не само спомен на минатото или државен празник што се одбележува со свечености, туку симбол на слободата, правдата и отпорот кон угнетувањето. Настаните од 11 октомври 1941 година го означија почетокот на организираното вооружено востание против фашистичкиот окупатор. Тогаш прилепските партизани ја нападнаа бугарската полициска станица и телефонско-телеграфската мрежа, а следниот ден вооружени акции започнаа и во Куманово. Во време кога најголемиот дел од Македонија беше под окупација на Царска Бугарија, сојузник на нацистичка Германија, отпорот против фашизмот и бугарскиот окупациски режим прерасна во широко народноослободително движење. Но целта на таа борба не била само отпор против окупаторот. Таа била и борба за создавање сопствена држава, за право на слободен национален развој, за признавање на македонскиот јазик, култура и историска посебност. Македонските партизани не се бореле за туѓи национални проекти, туку за својата татковина и за правото Македонците конечно да бидат свои на своето. Без разлика на политичките толкувања, историските ревизии или обидите за намалување на неговото значење, 11 Октомври останува сведоштво дека македонскиот народ во најголемите историски искушенија се определил за антифашистичката борба. Осумдесет и пет години подоцна, 11 Октомври останува не само историски датум туку и морален компас што сведочи дека македонскиот народ знаел и умеел да ја избере правичната страна на историјата Тој е симболичен почеток на процесот што водеше кон Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска држава, која во 1991 година ја стекна својата независност. Без Народноослободителната и антифашистичка борба, денешната македонска држава немаше да постои во формата во која ја познаваме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Против шест лица ќе биде поведена постапка за кршење на работниот редПо документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Одделот за Внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања, соопштуваат од МВР. Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна внатрешната контрола ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија. По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПапата заминува на операција на белите дробовиНа папата му е потребна операција. На белите дробови му беше откриен јазол.71- годишниот Папа Лав XIV денес објави дека во наредните денови ќе биде подложен на операција, откако лекарите откриле јазол на белите дробови, пренесува „Асошиејтед прес“. Поглаварот на Католичката црква ја соопшти веста за време на традиционалната неделна молитва пред верниците. Според него, абнормалноста на белите дробови била откриена при неодамнешните медицински прегледи и била констатирана во рана фаза. Папата изјави дека станува збор за локализиран проблем и дека операцијата е закажана за во наредните неколку дена. Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба. Ватикан сè уште нема објавено дополнителни детали за зафатот или за точната дијагноза. Природата на абнормалноста на белите дробови не е позната. Јазолот на белите дробови може да има различни причини и не мора нужно да укажува на малигно заболување. Папата Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, претходно немал никакви познати сериозни здравствени проблеми. Тој е познат по својот активен начин на живот; редовно игра тенис и плива за време на престојот во папската летна резиденција Кастел Гандолфо. Неизвесно е дали операцијата ќе влијае на неговото планирано патување. Предвидено е Папата да ги посети Уругвај, Аргентина и Перу во периодот од 6 до 17 ноември. Сè уште не се знае дали операцијата и закрепнувањето ќе влијаат на неговото планирано патување во Јужна Америка. Ватиканот сè уште не го објавил датумот на операцијата ниту очекуваното времетраење на закрепнувањето на Папата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter