Венус Вилијамс елиминирана на стартот на Ролан Гарос - Канал 5

Венус Вилијамс елиминирана на стартот на Ролан Гарос

Финалистката на Ролан Гарос од 2002 година Венус Вилијамс го заврши настапот на Гренд слем турнирот откако синоќа беше совладана од Слоу Стивенс со 2:0 во сетови (7:6 и 6:1).

Венус Вилијамс елиминирана на стартот на Ролан Гарос
Мечот беше решен во тај-брекот од првиот сет кога Стивенс успеа да поведе добивајќи го тај брекот со 7:5 на поени.

Од фаворитките турнирот заврши и за Агнешка Радванска, која загуби од Германката Бек.

Пласман во второто коло од тенисерките кои конкурираат за завршницата изборија: Марија Шарапова, Викторија Азаренка, Сара Ерани, додека кај мажите тоа му успеа на Енди Мареј.

Денеска на Централниот терен ќе се појават првите носители во двете конкуренции Новак Ѓоковиќ (мажи) ќе игра против Јарко Ниеминен, додека Серена Вилијамс (жени) за противничка ја има Андреа Хлавачкова.

Пред нив меч ќе одигра и актуелниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал против Куентин Алис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. 

Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19ти септември во Битола.

Со повеќе од пет децении присуство пред филмската камера, Петре Арсовски е едно од препознатливите актерски лица на македонската кинематографија. Неговата кариера започнува во раните седумдесетти години и се протега низ различни периоди од развојот на македонскиот филм, оставајќи зад себе голем број улоги кои се дел од неговата историја.

Филмската кариера Арсовски ја започнува во 1971 година во „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица. Во годините што следуваат игра во „Истрел“ на Бранко Гапо, „Јад“ на Кирил Ценевски, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо и „Пресуда“ на Трајче Попов, а во 1980 година ја толкува главната улога на Петре Ќушко во „Време, води“ на Бранко Гапо.

Следуваат улоги во бројни филмови кои одбележаа различни периоди од македонската кинематографија, меѓу кои „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Џипси меџик“, „Збогум на 20-тиот век“, „Големата вода“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Ослободување на Скопје“, „Златна петорка“ и „Лена и Владимир“. Неговата филмографија опфаќа и бројни филмски и телевизиски продукции во земјите од регионот и пошироко.

За својата повеќедецениска работа Арсовски е добитник на бројни признанија, меѓу кои државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста, наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Со доделувањето на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ДФРМ му оддава признание на Петре Арсовски за неговиот исклучителен и траен придонес кон македонската кинематографија, за повеќедецениското присуство во македонскиот филм и за бројните актерски остварувања со кои неговото име стана нераскинлив дел од неговата историја.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ДФРМ ја востанови во 2013 година, а нејзини досегашни добитници се Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери, продуцентската куќа „Вардар филм“, Милица Стојанова, Љупчо Константинов, Столе Попов, Северџан Бајрам, Горјан Тозија – Медо, Лабина Митевска, Димитар Грбевски и Кирил Џајковски.

ДФРМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци чекори кон поголема енергетска ефикасност

Во Општина Кавадарци се реализира значаен проект за поставување и проширување на фотоволтаични системи на повеќе јавни објекти, со цел зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.

Јанчев: Кавадарци чекори кон поголема енергетска ефикасност

Фотоволтаичните панели, како и проектите за нивно поставување, се обезбедени како донација, додека останатиот потребен материјал е обезбеден од Буџетот на Општина Кавадарци, преку спроведена јавна набавка.

Активностите опфаќаат вкупно 12 локации, меѓу кои повеќе објекти на ЈОУДГ „Рада Поцева“ – „Гроздоберче“, „Снежана“, „Детелинка“, „Изворче“ и „Сонце“, како и Библиотеката „Феткин“, Домот на култура ,,Иван Мазов Климе'' зградата на Општина Кавадарци, „ООУ Димката Ангелов Габер“, СОУ „Киро Спанџов – Брко“, Основен суд Кавадарци и ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.

На дел од објектите се поставуваат комплетно нови фотоволтаични системи, додека на други постоечките системи се надградуваат со дополнителен капацитет. На овој начин, јавните установи добиваат поголема можност за производство на сопствена електрична енергија од обновлив извор.

Овој проект претставува уште еден чекор кон создавање поодржлива, енергетски ефикасна и еколошки одговорна општина. Со вложување во обновливи извори на енергија, Општина Кавадарци не само што ги намалува долгорочните трошоци за електрична енергија, туку придонесува и кон заштита на животната средина и создавање подобри услови за идните генерации.

Кавадарци продолжува да инвестира во зелена енергија, одржлив развој и модерна јавна инфраструктура – за поекономична и позелена општина, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор сцени: Пукање и пожар во семејна куќа

Осум лица, меѓу кои четири деца, беа убиени во куќа во Билингс, Монтана, каде што дошло до пукање и пожар по она што се верува дека е семејна расправија, соопшти полицијата.

Хорор сцени: Пукање и пожар во семејна куќа

Некои медиуми објавија дека пукањето се случило за време на семејна вечера.

Полицијата добила повик за помош по 18 часот за активен стрелец, а по пристигнувањето на местото на настанот, слушнале истрели и ја пронашле куќата целосно зафатена од пламен, објави „ABC“.

Останките од жртвите сè уште безбедно се извлекуваат од куќата, која била тешко оштетена во пожарот.

Осомничениот за инцидентот е исто така мртов.

Полицајците пронашле маж во дворот со самонанесена прострелна рана.

Тој бил однесен во болница, каде што починал.

Шерифот на округот Јелоустоун, Кент О'Донел, изјави дека властите веруваат дека инцидентот започнал како семејна расправија.

Полицијата соопшти дека не бараат други осомничени и дека нема понатамошна закана за заедницата.

Истовремениот оган и пукање го направија одговорот особено сложен и опасен, соопштија официјални лица.

Шефот на противпожарната служба на Билингс, Мет Хопел, рече дека куќата е целосно уништена, делумно поради недостаток на противпожарни хидранти во областа.

Имињата и возраста на жртвите и осомничениот не се објавени.

Истрагата ја води полицијата на округот Јелоустоун и Билингс, со учество на повеќе локални, државни и федерални агенции.

Причината и околностите на пожарот ќе бидат дополнително истражени откако местото на настанот ќе биде безбедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер