Венс: Америка позајмува пари од „кинески селани“ - Канал 5

Венс: Америка позајмува пари од „кинески селани“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предизвика меѓународен скандал со неговата изјава дека „Америка позајмува пари од кинеските селани“.

Венс: Америка позајмува пари од „кинески селани“

Венс во интервју за „Фокс њуз“, обидувајќи се да ја одбрани политиката на претседателот Доналд Трамп, истакна: „Позајмуваме пари од кинеските селани за да ги купиме работите што ги прават“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан наведе дека изјавата на Венс предизвикала „тага и незадоволство“ на кинеските социјалните мрежи.

Лин посочи и дека Венс се прославил и со својата автобиографска книга „Хилбили елегија“, која зборува за растењето во посиромашниот планински дел на Америка.

Некои корисници на кинеските социјални мрежи побараа да му се забрани на Венс влез во Кина, а неговите коментари ги нарекоа „срамни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени

СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени

Провидна е играта на опозицијата.

СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик.

Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии.

Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции.

Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија.

Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата.

Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев оствари средба со сопственици на дотраени и склони на уривање објекти

Денес градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со дваесет сопственици на дотраени и склони на уривање објекти.

Јанчев оствари средба со сопственици на дотраени и склони на уривање објекти

Во наредните два месеци, со поддршка од Општината и јавните комунални претпријатија, ќе започне отстранувањето на овие објекти, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и да се создаде поуредена и поурбана средина.

Со конкретни чекори и одговорен пристап, локалната самоуправа продолжува да решава долгогодишни проблеми и да создава побезбедна и поубава општина за сите, објави на својот фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

На 17.јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук.

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Од 16 до 18 јули, Битола ќе живее со звуците на уникатниот музички фестивал, спој на традиција, емоција, богатство на музички влијанија, обичаи, мултикултуралност, преку еден од ретките фестивали во регионов кој сеуште, успешно опстојува 20 години со истиот концепт како во своите почетоци, Балканскиот етно-фјужн фестивал. „Локум фест – музика и традиција“.

Веќе вториот и третиот ден се резервирани за автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија.

На 17.јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Нивните видеа на социјалните мрежи имаат десетици илјади прегледи, а од бендот велат дека им е драго што интересот за нивните настапи расте.

Минатата година ја промовираа својата прва авторска песна ,,Под ова небо”. Оваа уникатна комбинира и театарска експресија и современ балкански звук. Членови на групата се: актерката Јана Стојановска – вокал, Мишел Трајковски – хармоника, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Влатко Пате– ударни инструменти, Кирил Златановски – контрабас, Ташко Грујоски – гитара и Васил Потиров – гитара.

Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер