СветЏеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата ПитуфикАмериканскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.Обраќајќи им се на американските војници во базата, тој прво рече: „Тука е многу студено. Никој не ми го кажа тоа“. Тој, исто така, им кажа дека е „прилично кул“ да се биде првиот американски потпретседател што го посетил Гренланд. „Оваа мисија е многу важна, администрацијата на Трамп е исклучително заинтересирана за безбедноста на Арктикот. Тоа е голем проблем кој само ќе стане поголем со текот на времето. Како што можеби сте слушнале, администрацијата на Трамп има одредени интереси за Гренланд, па за тоа ќе поразговараме малку и со нашите пријатели од медиумите“, рече Венс. Првично беше планирано неговата сопруга Уша Венс да го посети Гренланд сама со својот син и да присуствува на трка на кучиња со санки во градот Сисимиут. Но, посетата беше откажана откако нејзиниот тим не успеа да најде локални жители подготвени да ја пречекаат. Исто така, беше јасно дека нејзиното присуство на настанот ќе предизвика протести. Трамп инсистира на тоа дека на САД им треба огромниот арктички остров од национална и меѓународна безбедност и не ја отфрли употребата на сила за негово преземање.Тагови: Гренланд Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе помина интерпелацијата за министерот Панче ТошковскиСо 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти... Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter