Главниот државен ревизор Елвис Аморосо , кој ја надгледува транспарентностѕа на државната власт реши да му забрани ,,на граѓанинот Гваидо да врши секаква јавна функција , на која се доаѓа преку избори во најдолго можно траење предвидено со закон”.
Според Аморосо , Гваидо во својата даночна пријава нема оправдување за некои трошоци во Венецуале и во странство , што ги направил со пари од други земји. Ревизорот тврди дека самопрогласениот претседател Гваидо , кој има поддршка од САД и од Европа, бил на 91 патување во странство , каде потрошил 94илјади долари , без да наведе какво е потеклото на тие пари.
Минатата година на ист начин му беше забрането да се кандидира за претседател , како опоненет на Николас Мадуро , на Енрике Каприлес. Нему пред изборите му го објавија извештајот , како денеска за Гваидо , така што ја прекина предизборната кампања , па претседателот Мадуро немаше конкурент.