Велосипедист паднал во трка , го скршил рбетот, но ја завршил трката

Ирскиот велосипедист Дан Мартин (Israel Start-Up Nation) вчера падна во текот на втората фаза од трката Criterium du Dauphine, но и покрај болката стигна до финишот, а подоцна било утврдено дека тој претрпел вертебрална фрактура на лумбалниот 'рбет. 

Бидејќи нема големи проблеми поради фрактурата, лекарите на израелскиот тим се оптимисти дека Мартин би можел да закрепне доволно во наредните две недели за да настапи на Тур де Франс, што започнува на 29 август од Ница.

"Навистина се надевам дека ќе бидам подготвен за Тур де Франс. Премногу лошо, затоа што чувствував дека сум во одлична форма. Но, закрепнувам брзо и имам причина да бидам оптимист", изјави ирскиот велосипедист, кој веќе во замина во својот дом во Андора. .

Повредата на 'рбетот не беше единствената несреќа што му се случи вчера на Мартин, кој се најде во групата возачи кои стигнаа до финишот со поголема разлика зад најбрзиот. Тие налетаа на невреме проследено со силен град, која остави траги на удари на нивните тела, претежно на грбот. За среќа, никој не е сериозно повреден.

Ердоган е подготвен за средба со Мицотакис поради спорот во Медитеранот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека е подготвен да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, доколку тој покаже „добра волја“ во кризата што изби меѓу двете земји поради источниот Медитеран.

Изјавата на Ердоган доаѓа во време кога тензиите меѓу двете земји се на врвот среде истражувањето на полиња со гас во водите за кои тврдат дека се на нивна територија и Турција и Грција.

Спорот денеска влезе во нова фаза кога Министерството за надворешни работи во Анкара го повика грчкиот амбасадор во Турција, откако грчкиот весник „Демократија“ објави наслов за Ердоган на турски јазик и му напиша „губи се“.

"Грчкиот весник излезе денес со грд наслов кој се однесува на претседателот Ердоган. Го поканивме грчкиот амбасадор", изјави пред новинарите турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Ердоган претходно денеска рече дека „нема проблем да се состане со грчкиот премиер Мицотакис“.

„Но, важно е да знаеме за што ќе разговараме и во колкава мера“, додаде тој, условувајќи го таквиот состанок со покажување на „добра волја“ од Атина.

Турскиот претседател исто така рече дека враќањето на Оруч Реис во неделата, истражувачки брод испратен од Анкара кон источен Медитеран, кој ги разгоре тензиите со Грција, „ќе и даде шанса на дипломатијата“.

Очигледно повикувајќи се на неодамнешната посета на грчкиот претседател на островот Кастелориз во близина на турската граница, Ердоган ја повика Атина да не „покажува сила“. „Во спротивно можеме да покажеме уште повеќе.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, кој е во посета на Прага, рече дека неговата земја е подготвена за дијалог со Турција доколку таа „престане да провоцира во регионот“.

Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа кон крајот на август кога двете земји организираа ривалски воени вежби.

Кризата е на агендата на Европскиот самит на 24 и 25 септември во Брисел.

Дендиас денеска ја повика ЕУ да состави список со санкции „што би можеле да и бидат наметнати на Турција ако не ги запре своите незаконски активности“.

Италија со најголем дневен број новозаразени со корона од почетокот на мај

Италија регистрира 1.907 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство.

Уште десет лица починале од ефектите на вирусот.

Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имало 1965 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, Италија забележа 294.392 заболени и 35.668 смртни случаи.

Бројот на заразени е во пораст во последните шест недели, според италијанските здравствени власти, иако не е толку голем како во Шпанија или Франција.

Расте стравот од втор бран неконтролирана епидемија во Италија, која беше сериозно погодена од коронавирусот во февруари.

Зголемувањето делумно се должи на повторното отворање на училиштата во понеделникот по пауза од шест месеци.

Големите сили сè уште не успеваат да ги здружат силите за борба против пандемијата, изјави денеска лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, во време кога бројот на заразени луѓе во светот надмина 30 милиони.

„Големите сили не работат заедно“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева, образложувајќи ја својата главна порака до светските лидери додека се подготвуваат за годишното Генерално собрание на ООН што започнува следната недела.

Тедрос рече дека исто така ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да ги соберат потребните 35 милијарди американски долари за забрзување на развојот на лековите и вакцините против ковид-19.

Ирина Шајк објави колку шминка дневно користи за совршен изглед (ВИДЕО)

На Youtube, кусите видеа за шминкање снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни.

Супермоделот Ирина Шајк сними едно за Вог, а нејзината рутина во шминкање го изненади целиот свет.

Додека блогерките за убавина ставаат маски, течни пудри, коректори, хајлајнери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминка со прсти и користи само неколку капки течна пудра што ги нанесува само на одредени делови од лицето.

Светски познатата манекенка и една од најубавите жени на светот не користи ниту дел од она што е рутина за многу девојки кога се шминкаат и вели дека со помалку се постигнува повеќе и дека жените треба да се шминкаат, а не да се маскираат.

Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја својот ентузијазам за рутината за шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на светот и без шминкање“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

притисни ентер