Велосипедист и` покажал среден прст на Австралијка, го прегазила и добила 10 години затвор - Канал 5

Велосипедист и` покажал среден прст на Австралијка, го прегазила и добила 10 години затвор

Австралијка без важечка возачка дозвола, која намерно прегазила велосипедист и го оставила да умре покрај автопат во Квинсленд, е осудена на десет години затвор.

Велосипедист и` покажал среден прст на Австралијка, го прегазила и добила 10 години затвор

Џоан Мари Меколи (49) се налутила кога велосипедистот Шуи Ки Чан (25) и` го покажал средниот прст на автопатот кај Гатон во август 2012 година. Таа бесна излегла од автопатот, почнала да го брка и на крајот го прегазила.

Ки Чан, државјанин на Хонг Конг, се враќал дома од работа во моментот на инцидентот. Работел во блискиот ресторан.

Меколи тврдела дека имала намера само да го „уплаши“, но дека изгубила контрола над возилото и го удрила 25-годишникот. Телото на Ки Чан било пронајдено следното утро. Според обдукцијата, тој починал поради загуба на крв и хипотермија.

Меколи не била обвинета за убиство поради несоодветна полициска истрага до јуни оваа година, пишува The Guardian.

Во изминатите десет години, Меколи наводно се фалела пред многу луѓе - пријатели, семејство и соработници - за ноќта кога го убила велосипедистот.

Австралијката денеска пред судот ја признала вината и била осудена на десет години затвор. По пресудата почнала да плаче и не сакала да ја напушти судницата, па затворските службеници морале да ја одвлечкаат. Правото на условна казна ќе го стекне во јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Покрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти.

Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград.

Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт.

Другите ги нарекуваа предавници.

Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа.

Ова е лицемерие без граница.

Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат.

Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат.

Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал.

Срамота.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

​Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти.

Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Ова се важни показатели за структурата на растот.

Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност.

За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност.

Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард.

И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните.

YouTube video

Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Кружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер