Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна - Канал 5

Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес.

Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел на лице место да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица.

Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да спроведат проверка, утврдување и потврдување на статусот и исполнувањето на условите кај корисниците на овие права.

Согласно законските рокови, директорите на центрите формираат стручни тимови составени од социјални работници и други стручни лица кои ги повикуваат корисниците, вршат непосреден увид преку разговор и проверка на документација, ја утврдуваат фактичката состојба и предлагаат мерки согласно закон.

„Нашата цел е јасна -средствата предвидени за социјална заштита да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни. Само со одговорен, транспарентен и професионален пристап можеме да изградиме систем кој ќе биде праведен и ефикасен за сите граѓани“, истакна Велковски, соопштуваат од МТСП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко

Најмалку 72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. 

72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко

Мароканските власти тврдат дека се помалку жртви 11.

Повеќето од околу 60.000 луѓе кои набрзина влегоа во северноафриканската територија на Шпанија, повеќето со пливање, се вратија во Мароко по најголемиот масовен премин на мигранти на територијата.

„ Најголемиот наплив на мигранти во енклавата предизвика меѓународна криза за Шпанија, бидејќи некои од нејзините европски партнери го критикуваа Мадрид за неговата имиграциска политика.

Шпанија ги обвини криминалните банди за ширење гласини дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија за имиграцијата ќе им овозможи на мигрантите полесен премин.

Некои аналитичари сугерираат дека Мароко можеби им дозволил на мигрантите да ја преминат границата за да изврши дипломатски притисок врз Шпанија, која неодамна ги подобри односите со соседниот Алжир, најголемиот непријател на Рабат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16.

Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ 

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер