Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци
2Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци
3Собранието утре ќе одлучува за предлогот на премиерот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор
Други спортовиВелисипедистот Виктор Ванчевски најдобар спортист на Велес за 2023 Во организација на Сојуз на спортови Велес синоќа во општинската сала традиционално беа наградени најдобрите од спортот за оваа година. За најдобар спортист на Велес за 2023 година беше прогласен и награден со златен пехар и плакета Виктор Ванчевски, велосипедист од МВК Велес, освојувач на повеќе први места и златни медали на повеќе меѓународни натпревари. Признанијата и двата пехара меѓи кои и за спортист на годината му ги врачи градоначалникот Марко Колев. Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации, звучни имиња кои се запишале меѓу најдобрите во Велес, Македонија, Европа и светот. Постхумни признанија им беа доделени на велешките спортски легенди Игор Ангеловски, Љупчо Гигов, Трајче Црвенпанов, за нивниот придонес за спортот во Велес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаМицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКина ги забрани партнерките и партнерите со вештачка интелигенцијаМилиони тагуваат поради дигитални раскинувања Кина ги забрани апликациите за персонализирани партнери со вештачка интелигенција, принудувајќи милиони корисници на ненадеен дигитален прекин на врските.Прописите стапија на сила на 15 јули 2026 година и беа заеднички издадени од пет владини оддели, вклучувајќи ја и Администрацијата за сајбер простор на Кина. Правилата наведуваат дека алатките за вештачка интелигенција не смеат „прекумерно да им се додворуваат на корисниците, да предизвикуваат емоционална зависност или зависност воопшто, или да ги нарушуваат вистинските меѓучовечки односи на корисниците“. Компаниите сега мора да вградат опции за моментален излез, редовни потсетници дека вештачката интелигенција не е реална и ограничувања на долгорочната емоционална меморија. Алатките за учење и работа се исклучени. Компаниите ByteDance, Alibaba и Tencent одлучија целосно да ги суспендираат своите функции на придружници на вештачката интелигенција, наместо да се придржуваат кон новите правила, објавува The Independent. Строгите мерки се поврзани со падот на стапките на брак и наталитет во Кина, бидејќи регулаторите се загрижени дека врските со вештачката интелигенција ја заменуваат вистинската интимност, иако експертите забележуваат дека подлабоките проблеми, како што е економскиот притисок, играат поголема улога. Укинувањето на овие опции предизвика вистинска тага на мрежата „Веибо“, каде што корисниците ја архивираа преписката и се збогуваа.Тагови: вештачка интелигенција Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаРистовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во КавадарциМинистерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци.Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека останатите средства ги обезбеди Општина Кавадарци. -Ние не градиме споменици, туку места каде што ќе растат идните шампиони. Секој реконструиран базен, секоја спортска сала и секое игралиште значат повеќе можности за децата, повеќе здравје за граѓаните и повеќе шанси Македонија повторно да создава врвни спортисти. Нашата цел е јасна – спортската инфраструктура повеќе никогаш да не биде оставена да пропаѓа, туку да стане двигател на развојот во секоја општина - истакна министерот Ристовски. Тој нагласи дека Министерството за спорт паралелно работи на завршување на повеќе капитални проекти низ државата. Во рамки на реконструкцијата е обновен целиот базенски комплекс, поставен е нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструирани се големиот и малиот базен, изградени се водни атракции и тобогани, детски водни реквизити, современо детско игралиште, целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и останатите придружни содржини. Во Кавадарци е во завршна фаза и изградбата на новиот затворен базен, проект чија реализација Министерството ја доведе до финална фаза по повеќегодишен застој. На ист начин беа завршени и базените во Карпош, во Кисела Вода и во Штип, продолжува изградбата во Струмица, Кичево и Ѓорче Петров, додека технички е завршен и базенот во Битола. Со ова Министерството за спорт продолжува со реализација на стратешката определба за модернизација и развој на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел секоја општина да добие современи услови за спорт, рекреација и развој на младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33