Велигденски концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во „Св. Софија“ во Охрид - Канал 5

Велигденски концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во „Св. Софија“ во Охрид

Велигденски концерт на хорот „Света Злата Мегленска“ во сакралниот амбиент на „Света Софија“ во Охрид.

Велигденски концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во  „Св. Софија“ во Охрид

Спиритуално чествување во духот на православното црковно пеење приреди Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ на синоќешниот концерт одржан во типичниот сакрален амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид.

Велигденскиот концерт „Воскресение твоје“ го организираше Националната установа „Охридско лето“, како дел од активностите за организирање содржини и настани со високи уметнички вредности надвор од вообичаениот фестивалски термин.

Како што се посочува во соопштението од „Охридско лето“, прекрасниот хорски ансамбл прозвучи со восхитувачка убавина, влевајќи мир, спокој, радост и возвишеност кај присутната публика токму поради занесното музицирање, префинетата естетика и исклучителниот сензибилитет на членовите на овој хорски ансамбл.

- Огромна благодарност до институцијата „Охридско лето“ што ја имавме таа чест да бидеме дел од програмските активности на фестивалот. Посебно ни е драго што го одржавме Велигденскиот концерт „Воскресение твоје“ пред охридскатата публика и пошироката јавност, воочи најголемиот празник на православните христијани. Големо е задоволството затоа што охридската публика ни е многу позната. Заедно го прославуваме Велигденскиот празник на пригоден начин. Репертоарот беше наменски, исклучиво црковна православна музика од домашни и светски автори, изјави креаторката на концертот, Летка Димовска-Полизова под чија диригентска палка се одржа овој настан.

Секое огласување на Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ е посебно доживување, особено што станува збор за ансамбл со високо европско и светско реноме на чии концертни сцени и меѓународни конкурси се здобиле со многу награди и признанија.

Хорот е составен од 22 ангелски гласови, вљубенички на хорското камерно музицирање од кои повеќето се млади академски образовани музичари, студентки од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите универзитети во земјава. Основач, диригент и уметнички раководител е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер