3Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
2Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ЖивотВелигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов„Не плашете се! Вие го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде!“ Марко 16,6Драги браќа и сестри! Велигден е најстариот и најголемиот христијански празник, кој веќе Раната црква го слави како спомен на Исусовото воскресение. Овој подвижен празник нема одреден датум и секоја година не се слави во исто време, а се паѓа во недела по првата полна месечина во пролетта. Првата полна месечина во пролетта може да биде помеѓу 22 март и 25 април, така што овој празник се сместува токму во тоа време. Во историјата на христијанството настанати се одредени пракси, меѓу кои и употребата на јулијанскиот и грегоријанскиот календар, што го отежнува усогласувањето на единствен термин за празниникот Воскресение Христово и за жал до денес не е постигнат договор за ова прашање. Но, бидејќи Велигден е подвижен празник, понекогаш се случува славењето на Воскресението Господово во Источната и Западната црква да се совпадне и заедно. Со празнувањето на Исусовото воскресение ја празнуваме пасхалната тајна според која Синот Божји нè откупи со својата крв, ги избрка од нас темнината на гревот и сенката на смртта, кои по падот на човекот надвиснаа како тежок товар над човечкиот род. Исус доброволно се предаде на смрт „за да го откупи робот“, како што се пее во химната на Велигденската свеќа. Христос со своето воскресение од мртвите ја победи и самата смрт. На првиот ден од седмицата, односно во недела рано наутро, некои жени кои го придружуваа Исуса и му служеа за време на неговото проповедање во Галилеја и Ерусалим, по Исусовата смрт дојдоа на гробот за да му оддадат уште еднаш почит, бидејќи заради саботата не можеле да го сторат тоа, а немале ниту време да направат сѐ според обичајот. Купиле мириси за да го помазат. Евангелист Марко по име ги спомнува Марија Магдалена и Марија Јаковова и Саломија и истакнува дека тие разговарале меѓу себе на патот кон гробот: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“ Кога стигнале до гробот, каменот веќе бил одвален. Кога влегле во гробот, виделе млад човек, облечен во бели алишта како седи од десната страна и се уплашиле. Тој им рекол: „Не плашете се! Вие го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна не е овде! Еве го местото каде што го положија. Но, одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“ Тие излегле и почнале да бегаат од гробот: ги обзело страв и ужас. „И никому ништо не рекоа, бидејќи се плашеа.” Потоа, Исус ѝ се јавил на Марија Магдалена, ѝ и кажал утешни зборови и ја пратил да им каже на учениците за празниот гроб и за средбата со Исус. Така и направила. Исусовите ученици не поверувале веднаш, но кога ја слушнале веста и самите отишле на гробот и виделе дека е празен. За да поверуваат, потребно им било полека да им се отворат очите на верата, поттикнати од многу објавувања со кои Исус ги зацврстуваше своите исплашени ученици за да ги подготви за задачата која им ја даде и која била пред нив. Исусовите ученици, зајакнати во својата вера и со слегувањето на Светиот Дух врз нив, почнале да ја шират воскресната вера низ светот. Таа вера и ние ја наследивме и денес ја шириме. Веруваме дека Исус е Син Божји, кој за нас и заради нас зеде човечка природа, стана човек и кој од љубов кон секој човек претрпе тешки маки на крстот. Дојде кај своите, но своите не го примија. Исус со своето воскресение од мртвите ја победи смртта, најголемиот човечки непријател. И покрај тоа што смртта постои и по Исусовото воскресение, цврсто веруваме дека Тој како победник воскресна од мртвите и дека смртта повеќе го нема последниот збор. Исус, со своето воскресение од мртвите, не оживеа како Лазар, кого го повика од гробот, туку неговото воскресно тело се преобрази, повеќе не е подложно на распаѓање, смрт и болест, така што над Него стариот безбожен свет нема никаква власт. По воскресението од мртвите, телото на Исус било продуховено и преобразено од Божјиот Дух. Тоа е спас на човечкото тело и човечката природа од распаѓање. Тој ја преобрази човечката природа, ја отвори вратата за преобразба на целата природа, на секој човек, на целото човештво и на целата човечка историја. Со ова Бог го зацврстува човекот во верата дека има излез, има спас, дека може да се ослободи од страдањата, тиранијата, смртта, убивањето и неправдата. Непријателот на човекот и човештвото, стариот заводник од почетокот на светот, ја загуби битката засекогаш. Смртта, гревот, ѓаволот, темнината и страдањето се поразени. Од тука, ние христијаните, цврсто веруваме дека еден ден ќе воскреснеме во нов живот со Бога. Ние христијаните го славиме Христовото воскресение и се надеваме на сопственото „воскресение“ по смртта. Без вера во воскресението, нашата вера би била бесмислена. Како Исусови ученици и учесници во велигденското славење и ние сме испратени во светот со иста задача да им го објавиме на луѓето Исуса распнатиот и воскреснатиот и да бидеме вистински сведоци на силните Божји дела преку кои Тој постојано ја покажува својата љубов кон нас. Нашето сведоштво и порака до светот треба да ги допре срцата на луѓето, да ги поттикне на вера во Исус Христос, за да му одговорат соодветно и да постапуваат со вера во светот. За нас, Христовите верници, се поставува прашањето: Дали навистина сме трогнати од велигденската порака која со векови одекнува низ целиот свет? Дали сме веродостојни сведоци на Христос или сме, како жените на празниот гроб, обземени од страв, повеќе би сакале да побегнеме од Исусовиот празен гроб и да молчиме од страв пред осудата или омаловажувањето. Но Господ е тука и ни приоѓа велејќи: „Не плашете се!“ „Одете и соопштете им на браќата Мои!“ „Ете, Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот“. На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден и благословени велигденски празници. Амин, алилуја! Христос воскресе! Навистина воскресе!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусија се огласи за белодробната чума- целиот свет во очекување Рускиот здравствен надзорник Роспотребнадзор денеска изјави дека извештаите за нови случаи се неточни.Рускиот здравствен надзорник Роспотребнадзор денеска изјави дека извештаите за нови случаи се неточни откако лабораториски работник во Иркутскиот истражувачки институт за борба против чума почина под нејасни околности од сомнителна пневмонична чума. Агенцијата соопшти дека на социјалните мрежи циркулирале дезинформации за наводниот нов случај, објави новинската агенција Интерфакс. Во соопштението се вели дека санитарната и епидемиолошката состојба во регионот Иркутск е стабилна. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, на 6 октомври ја повика Русија да обезбеди повеќе информации за инфекцијата откриена во регионот Иркутск. „Ја повикуваме Русија да биде транспарентна и да му обезбеди на светот повеќе информации за да може секој да одговори соодветно“, им рече Рубио на новинарите. Неименуван функционер на Стејт департментот за Си-Ен-Ен изјави дека американските власти се во контакт со руската влада од минатиот петок и дека здравствените експерти од Стејт департментот разговарале со руското Министерство за надворешни работи. „Вашингтон пост“ во среда, 7 октомври, цитирајќи информирани извори, објави дека Соединетите Американски Држави планираат да испратат официјална дипломатска нота до Русија барајќи дополнителни информации за инфекцијата откриена во регионот Иркутск. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ нема информации за дипломатската нота испратена од амбасадата на САД до руските власти во врска со епидемиолошката состојба во регионот Иркутск. Лабораториски работник во Истражувачкиот институт за борба против чума во Иркутск, во југоисточен Сибир, почина на 2 октомври под сè уште нејасни околности, а причината за смртта е наведена како „пневмонија со непозната етиологија“. Дарија Шипилова (28), која работеше во истражувачкиот институт, скрши епрувета што го содржеше патогенот на пневмонична чума на 25 септември, објавија претходно локалните медиуми. Потоа Шипилова беше примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија и почина во ноќта помеѓу 1 и 2 октомври. Руските власти соопштија дека не пронашле докази дека нејзината болест е предизвикана од некој од патогените со кои работела и нагласија дека ситуацијата е под контрола. Болницата каде што била лекувана работничката е ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор. Мајката на 28-годишната руска лабораториска техничарка Дарја Шипилова, која почина под сè уште необјаснети околности откако работеше во институт за истражување на чума, проговори за смртта на нејзината ќерка и ги обвини лекарите дека не направиле доволно за да ја спасат.Тагови: русија чума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОсуден е швајцарскиот фудбалер Гранит Џака Фудбалерот Гранит Џака е казнет со условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради случај поврзан со фалсификувана потврда за ковид. Оваа пресуда на швајцарското обвинителство во Луцерн ја обелодени самиот капитен на репрезентацијата, нагласувајќи дека целосно го прифаќа исходот од правниот процес. Санкцијата се формулира преку 50 дневни тарифи во износ од по 3.000 франци, со рок на верификација од 24 месеци. Доколку во тој период не го прекрши законот, финансиската обврска нема да се активира, додека судските трошоци се веќе подмирени. По завршувањето на овој случај, играчот се огласи преку социјалните мрежи: - Пред неколку недели лично се огласив овде и кажав дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Јас стојам на тоа. Откако дадов целосен исказ во јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука. Бев осуден на условна парична казна од 50 дневни износи од по 3.000 швајцарски франци, со условна казна од две години. Тоа значи дека казната нема да се изврши доколку во тој период не сторам ново кривично дело. Јас веќе ги платив трошоците за постапката. Ја прифаќам одлуката и преземам одговорност. Ви благодариме за многуте пораки за поддршка во изминатите неколку недели. Многу ми значат - изјави фудбалерот. За потсетување, оваа афера до медиумите стигна во средината на септември кога весникот „Блик“ ја објави веста за покренување на истрагата. Неколку дена подоцна, спортистот призна дека во текот на 2022 година добил неправилна потврда, оправдувајќи ја со моменти на страв и сомнеж во врска со имунизацијата.Тагови: Гранит Џака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусотМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени. Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања. „Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски. На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите. Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, соопштуваат од МНРиНТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22