Велигден во Грција – црвени јајца, јагнешко месо, но и уникатни локални обичаи - Канал 5

Велигден во Грција – црвени јајца, јагнешко месо, но и уникатни локални обичаи

Прославата на Велигден во Грција започнува со великиот (велигденски пост) од Чист понеделник и кулминира за време на Страсната седмица.

Велигден во Грција – црвени јајца, јагнешко месо, но и уникатни локални обичаи

Фрлање големи глинени садови на Крф, „војна“ со пиротехника на Хиос, хартиени фенери во Леонидио, „церемонија на миење“ на Патмос, палење на Јуда, се само дел од уникатните локални обичаи во Грција за Велигден, празникот што е еден од најголемите и најзначајни празници во земјата, а проследен е и со традициите што ги имаме и кај нас – фарбање црвени јајца, пречекување на Христовото воскреснување пред црква итн.

Прославата на Велигден во Грција започнува со великиот (велигденски пост) од Чист понеделник и кулминира за време на Страсната седмица.

На Велики четврток и во Грција се фарбаат црвени јајца и се подготвува традиционалниот велигденскиот козунак (цуреки на грчки јазик), на Велики петок, денот на Христовите страданија, во црквите се поставува Плаштаницата, а во вечерните часови се изнесува низ улиците за време на литанија што ја следат верниците.

Во сабота навечер се оди во или пред црква, каде што граѓаните меѓу себе си го делат Благодатниот оган.

Велигденските свеќи (т.н.ламбадес) се важен дел од традицијата и постои обичај, да бидат поразлични од класичните, се купуваат однапред, а може да имаат различна форма, да бидат тематски, додека пак најмладите ги добиваат на подарок од нивните кумови, односно од оние кои ги крстеле.

Откако ќе биде соопштено Христовото воскресение пред црквите се пукаат петарди, огномет и пиротехнички средства, а граѓаните си го честитаат големиот христијански празник.

По свечената литургија, семејствата се враќаат дома и ја јадат традиционалната супа „магирица“.

По 40-дневниот пост, супата е првото јадење со месо и е соодветно за организмот да се подготви за консумирање месо наредниот ден, а се содржи зелена салата, копар, јагнешки дроб и ориз.

Велигден е семеен празник, Грците доста често патуваат во родните места, во селата од каде што потекнуваат тие или некој член на семејството, а велигденската трпеза е богата и централно место го зазема печеното јагне, што најчесто се пече во дворовите на куќите.

Освен овие „класични“ обичаи што важат за цела Грција, во одредени делови на земјата за Велика сабота и за Велигден, постојат посебни, уникатни и специфични традиции.

Фрлање глинени садови на Крф

Најпознатиот обичај и најпопуларна грчка дестинација за Велигден е островот Крф поради еден од највпечатливите обичаи – фрлање големи глинени садови („ботидес“) на Велика сабота наутро, веднаш по свечената литургија за првото Воскресение.

Глинените садови, големи ќупови, едноставни или украсени со црвени ленти, некогаш полни со вода, се фрлаат од прозорците и балконите, а овој чин симболизира исфрлање на старото и злото и нов почеток со воскресението.

Илјадници туристи и од Грција и од странство се собираат на централната улица и го следат фрлањето кое е проследено со извици и аплауз, а паралелно, филхармонијата свири весели маршеви.

„Церемонијата на миење“ на Патмос

На Патмос, островот на Апокалипсата и местото каде што апостол Јован го напишал Откровението, за Велигден и туристите и верниците можат да го доживеат мистицизмот на островот.

Еден од главните обичаи е „Церемонијата на миење“, односно на Велики четврток од манастирот Свети Јован, голема поворка тргнува до плоштадот пред општината, каде што игуменот, симболично ги мие нозете на 12 монаси, исто како што Исус им ги миел на своите ученици на Тајната вечера.

Во манастирот, литургии се одржуваат во текот на целата седмица во пресрет на Велигден, а во недела за време на свечената велигденска литургија Евангелието се чита на седум јазици, додека игуменот на верниците им дели црвени јајца.

„Војна со ракети“ на Хиос

На островот Хиос, Христовото воскресение се одбележува со традиционална „војна со ракети“, што е уште еден невообичаен велигденски обичај во Грција.

Во селото Вронтадос, два парохии, на оддалеченост од 400 метри, со рачно изработени ракети од пиротехнички материјал меѓусебно „војуваат“ кој повеќепати ќе го погоди црковното ѕвоно на црквата од противничкиот „тим“.

„Војната“ се води меѓу двете цркви Агиос Маркос и Панагија Еритјанис, околните куќи од претходно се заштитени од евентуални штети, се испукуваат десетици илјади ракети, направени од дрвени стапчиња наполнети со мешавина што содржи барут, а подготовките траат со месеци.

Рачно изработените ракети се поставуваат на дрвени основи, а со свиреж се означува почетокот на „војната“.

По час и половина следува пауза, а штом од црквите и верниците се чуе „Христос Воскресе“, ракетите повторно се упатуваат кон противничкиот табор.

Во недела на Велигден, се бројат ракетите што ја погодиле целта и се прогласува победникот.

Голем е бројот на жители на островот, кои се против обичајот, секоја година постојат низа реакции, а во 2016 година, првпат по Втората светска војна не се одржа „натпреварот“ поради поплаките од локалното население кога виделе дека бројот на ракетите бил над 100.000.

Сепак многумина ја сметаат „војната со ракети“ нераскинлив дел од традицијата на островот.

Стотици фенери во Леонидио

На Велика сабота небото се осветлува и во градот Леонидио на Пелопонез, но не од „ракети“, туку од стотици хартиени фенери со свеќи.

Веднаш штом се слушне првото „Христос воскресе“, шарени хартиени фенери, се пуштаат кон небото и го исполнуваат., а станува збор за уникатен велигденски обичај што според медиумите е стар над еден век.

Според традицијата, петте парохии во градот се натпреваруваат која ќе пушти најмногу фенери, додека пак за потеклото на обичајот, постои верување дека, морнарите од регионот виделе сличен обичај во некоја азиска земја и решиле да го донесат во својот крај.

„Палење на Јуда“ на Крит, Сифнос, Милос, Пелопонез

Во некои региони на Грција, како што се островите Крит, Сифнос, Милос, областа Тракија и Пелопонез се пали, најчесто рачно изработена кукла што го претставува Јуда, а чинот на палењето е симболична казна за предавството.

Се верува дека конкретниот обичај е уште од времето на Отоманската империја, а „успешноста“ е во подготовката на Јуда, односно импровизираната кукла е комбинација од ткаенини, слама и дрво, за лесно да се запали.

Предавникот Јуда, во зависност од регионот, се пали или на Велики петок или веднаш по Воскресението.

На Крит е во сабота, додека пак во делови од Пелопонез на некои од островите и во областа Тракија е на Велики петок.

Речиси секој дел од Грција има свој обичај и се пренесува од колено на колено, а традициите оживуваат секоја година за време на Велигденските празници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер