Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
2Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
ЖивотВеличествената Струшка Литија традиционално на 7 мај низ струшките улици Традиционално и оваа година на 7 мај, во градот на поезијата, во Струга ќе се одржи сенародната Струшка Еордија (Литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец", неговата чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Богородица.Дел од најголемото торжество по кое државата е истакната во целиот свет и годинава ќе биде локалното свештенство, братството и сестринствата од манастирите Бигорски, Рајчица и Пречиста, голем број верници и добронамерници од земјава и странство. Старешината на храмот „Свети Георгиј Победоносец“, свештеникот Васко Голабоски информира дека стружани, без оглед на својата национална и верска припадност, деновиве се обединети околу ова големо чествување на Светиот Георгиј. - И младите и повозрасните го даваат својот значаен придонес за да може што подостоинствено да се прослави настанот по кој нашиот град стана препознатлив во целиот свет. Чест ни е да го поканиме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Мајката Божја, се значајно обележје на свој сенароден настан, истакна отец Голабоски, кој е дел од организациониот одбор на Струшката Еордија И оваа година на Литијата ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои не само на Еордијата, туку секогаш се тука за да го чуваат мирот и безбедноста во земјата. [Одделението за внатрешни работи – Струга ги презеде сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на струшката Литија, што утре од 15 до 19 часот ќе се одржи во чест на празникот „Свети Георги] Меѓу возилото и литијата, според сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. - На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица - Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња - моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА. Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. - Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија. Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат во Литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!". По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец" во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на августБез раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто. Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот. -Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%, Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДоцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина денаЗа десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип. Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б. Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври. Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана МаневСериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт и излегување од законските надлежности – ова го утврди Судскиот совет по претставката против претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев. Поднесена е од околу 70 вработени во судот според кои Манев се мешала во надлежностите на судскиот администратор и во планот за користење на годишните одмори, дека спроведувала постојана контрола над судската служба и дека двојната евиденција на присуство, честото повикување на одговорност и начинот на комуникација создале атмосфера на притисок и заплашување. Навеле и дека Манев се служела со навредливи и омаловажувачки изрази, јавни критики пред странки, како и навреди на национална основа. Судскиот совет сепак заклучува дека иако претставката е основана, не значи дека секој поединечен навод е докажан. -Не станува збор за изолирано незадоволство на 4-5 лица како што наведува во одговорот претседателката. Напротив, утврденото укажува на широко распространето незадоволство на нарушената работна атмосфера која е создадена. Од основаноста на претставката не произлегува дека е докажан секој поединечен навод и од вработените и од претседателката,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет . Манев ги отфрла обвинувањата и вели дека од вработените барала само дисциплина и одговорност. „Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и крајно ангажирани за извршување на своите работни задачи. Како судија и претседател на суд не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, навела -Снежана Манев – Претседател на Основен суд Куманово во одговорот до Советот. Сега се очекува извештајот од работната група која го посети судот, по што ќе се разгледаат понатамошните дејствија. -Судскиот совет донесе одлука дека таа претставка е основана и дека очигледно има некои проблеми во тој суд кои долги години се провелкуваат. Судскиот совет ќе преземе се што е во негова надлежност овие проблеми да бидат надминати. Во очекување сме на извештајот од работната група којашто го посети судот, ќе се преземат понатамошни дејствија по претставката. Дополнително увид ако има потреба и ќе не извести согласно новиот деловник дали и понатаму има потреба да се преземе или не. Во секој случај ние ќе се насочиме кон тоа работите во тој суд да се средат бидејќи таму долги години постојат проблеми. Во многу скоро време ќе излеземе со решение,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет. На денешната седница беше усвоен и новиот деловник за работа кој се усогласува со новиот Закон за Судски совет. Дел од новините предвидуваат промени во начинот на гласање при избор на судии и унапредувања односно ќе се гласа за сите кандидати на листата и на крај тој што добил најмногу гласови ќе биде избран. Се предвидува и постапка за одговорност на претседателот, заменикот и самите членови на Судскиот совет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter