3Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
МакедонијаВелешанка и нејзиното момче нападнати од поранешен партнер, користени електрошок и тврд предметКако што најавија од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во СВР Велес, 23-годишна велешанка вчера во 8:30 часот пријавила дека во нејзиниот дом дошол 26 годишниот Б.Б. од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребил електрошок и тврд предмет, информираат денеска од СВР Велес. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Како што најавија од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаОд 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилатаСогласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.: - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. За моторни возила кои надминува 3.500 кг: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. - пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Тагови: зимска опрема Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаУчество на државниот секретар Петрушевски на Виенската миграциска конференцијаДелегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од државниот секретар Сашо Петрушевски, учествува на Виенската миграциска конференција, што се одржува од 16 до 17 ноември 2026 година во Австрија. Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со претставници од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија исто така се учесници на овој многу значаен настан. Годинешната конференција се одржува во услови на длабоки геополитички, економски и технолошки промени, со далекусежни последици за глобалната соработка, мобилноста и миграцијата. На конференцијата се одржаа неколку панели на кои учесниците ги разгледуваа модалитетите на управување со границите како одговор на безбедносните предизвици. Во фокусот на интересот на конференција е глобалниот пазар на трудот и импликациите врз мобилноста и генерално врз потребата на луѓето за миграција. Сесиите на конференција дополнително истражуваа како миграцијата се одвива низ сите рути и како новите правила, вклучително и Пактот на ЕУ за миграција и азил создаваат и поддржуваат отпорни миграциски системи. Македонската делегација учествуваше на панелот посветен на влијанието на геополитички услови врз миграциските приоритети. За време на овој панел, беше презентирана различната реалност во повеќето европски земји, при што се заклучи дека европската миграциска соработка може да ги задоволи различните безбедносни национални потреби. За време на конференцијата се одржа билатерална средба на македонската делегација со генералната директорка на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ИСМПД) Сузан Раб. За време на билатералната средба се дискутираше за приоритетите и поддршката за државата. Беа посочени областите каде би се насочила советодавна и техничка помош заради зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на меѓу-институционалната соработка и поддржување на имплементацијата на националните миграциски политики.Тагови: Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook