Велешани повторно ќе добијат кино - Канал 5

Велешани повторно ќе добијат кино

Ова е приоритетен проект од областа на културата во 2020 година и еден од најзначајните во изминатите децении, кој Велес ќе го вброи во водечките културни центри во државата, истакна Коцевски.

Велешани повторно ќе добијат кино

По речиси две децении велешани повторно ќе добијат кино со најсофистицирана опрема за прикажување дигитално кино, а ќе биде сместено во салата „Бели мугри" на Локалната библиотека односно во склоп на Младинскиот креативен центар кој тука ќе профинкционира до крајот на февруари или почетокот на март.

Како што најави градоначалникот Аце Коцевски, покрај техничката опрема, во рамки на проектот, сцената во салата ќе биде соодветно прилагодена за потребите на киноприкажување и за други мултимедијални настани.

–Ова е приоритетен проект од областа на културата во 2020 година и еден од најзначајните во изминатите децении, кој Велес ќе го вброи во водечките културни центри во државата, истакна Коцевски.

Тој најави проектот да биде завршен во најкраток можен рок, со цел велешани што побргу да имаат можност да ги следат домашните и странските филмски остварувања во соодветни услови и современа технологија.

Како што информира за МИА Елизабета Јовчевска, секретар на Општина Велес, документацијата е веќе подготвена и престојнава недела треба да биде распишана тендерската постапка за набавка на пакет за дигитално кино (DCP), кој вклучува проектор, екран и систем за озвучување. Тендерската документација ја вклучува и можноста за прикажување и следење на 3Д-филмови.

Инаку, велешкото градско кино сместено во зградата на Синдикатот во центарот на градот не работи скоро дваесет години.

Во меѓувреме, од 2013 година проекции на филмови имаше во салата на театарот, со дигитален кинопроектор обезбеден од Министерството за култура.

Последниве две години поради прегорена ламба на кинопроекторот и негово нефункционирање, граѓаните на Велес, за жал, немаат можност да следат никакви кинопроекции на големото платно./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер