Велат дека е најдобриот сопруг во хороскопот:Којa го одбрал, не зажалилa! - Канал 5

Велат дека е најдобриот сопруг во хороскопот:Којa го одбрал, не зажалилa!

Според астролозите положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.

Велат дека е најдобриот сопруг во хороскопот:Којa го одбрал, не зажалилa!
Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот.
Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот.
Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да запостави својот дом и семејството поради каков било интерес.
Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот.
Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови.
Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тие обожаваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека тие му даваат сè на своето семејство. Кога еднаш ќе се ожени, Бикот најтешко се разведува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер