Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ангелка Пеева Лауренчиќ и Ристо Никовски

За љубителите на конспирации, дали е случајно што првите земји кои беа прогласени како финалисти, во двете полуфиналиња да бидат Грција и Македонија? 

Почитувани гледачи, уште една интересна дебата ви подготвивме за денешната САМО ВИСТИНА – ни требаа седум години да се „опоравиме“ и повторно да се пласираме во едно финале на престижната Евровизија а уште колку ќе туркаме за столче во европското политичко семејство? На едната страна од пултот ја имаме поранешната пратеничка во Собранието од редовите на ЛДП Ангелка Пеева – Лауренчиќ а од другата страна аналитичарот Ристо Никовски.

За љубителите на конспирации, дали е случајно што првите земји кои беа прогласени како финалисти, во двете полуфиналиња да бидат Грција и Македонија? Случајно ли е што Тамара ќе настапи пред Мадона во финалeто на Евросонг?

Реакциите за случајот „Павле Богоевски“ не стивнуваат – дали чинот на самопријавување ќе му донесе позитивни поени или ќе стане дополнителна мета на сеирџии? Дали оставка на пратеникот е единственото логично решение? Можат ли органите во прогон да откријат кој поседува и објавува вакви разговори?

Се чекаат првите чистки од „метлата“ на Заев, ДУИ не гледа незадоволство од министрите во својот табор – има ли реално простор за паника кај коалициониот партнер на власта? Дали повеќе треба да се подзачисти и да „светне“ во дворот на СДСМ отколку на Илинденска бр. 2?

Дали пристојната политичка култура е главната алка за мир и соживот меѓу сите нас? Не го пропуштајте и ова петочно издание на САМО ВИСТИНА со Ангелка Пеева Лауренчиќ и Ристо Никовски на Канал 5 Телевизија.

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

притисни ентер