Вечерва во „Само интервју“ гостин ќе биде Рената Дескоска

Почитувани дами и господа, Нема подобар начин за гасење на жедта за правдина од барањето одговори од првата дама задолжена за спроведување на правдата, министерката Рената Дескоска. 

Нема дилема дека судско-обвинителските редови треба да се прочистат од мафијата ама истото го бара и од политичарите. Подобро малку судии и обвинители ама чесни професионалци, порачува Дескоска. Кој треба да се плаши а кој мирно да спие? Кој ќе сонува лоши соништа а кој мирно наутро ќе се буди?

Дали помалку судии и обвинители ќе значи и поголема правда? За неа тресењто на судските гаќи на Рускоска е личен стил на изразување кој сепак покажува дека е време за реформи. Обвинителите на судиите или судиите на обвинителите?

Кој на кого ќе му ја истресе прашината од, со заклетва облечената тога? Не ги коментира класифицираните документи најдени во домот на нејзината сопартијка Ременски ама е разочарана од Јанева како симбол на македонската правда. А разочарани се и судските работници. Тие и’ се лути на Дескоска зотоа што наместо поддршка таа им замери за штрајкот за правата што ги побараа. Може ли судската администрација да биде најдобар детектор на проблемите во судството и искрен патоказ за решение на истите? Граѓаните протестираат извршителите не се вознемируваат. Од 99 контроли и 26 поведени постапки само двајца разрешени поради незаконско работење.

Кој ќе ја симне извршителската јамка од вратот на граѓаните? Кого ќе одбере владата? 100 извршители или стотици илјади граѓани? Како што влегоа така експресно излегоа од притвор? Треба ли и понатаму да веруваме дека осумте пратеници беа пуштени од шутка и сосема случајно дојдоа во собрание да гласаат за уставните измени и промена на името? Ќе го најдеме ли патот до правдата или сите ќе не убије жедтта за правдина?

Одговори ќе бараме вечерва со нашиот Гоце Михајлоски само на Канал 5. Во 18:30 со министерката за правда Рената Дескоска во „Само интервју“.

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје

притисни ентер