Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
2Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
КултураВечерва се отвора изложбата „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ на Узуновски во МСУ - СкопјеСо почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, вечерва ќе биде отворена ретроспективната изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски.Тим од петмина историчари на уметноста: Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски, блиски пријатели на Узуновски и директни сведоци на неговото делување уште од 70те години ќе го претстават творештво на еден од пионерите на уметничките партиципативни инсталации во Македонија. Куратор соработник на изложбата е Благоја Варошанец, а во во подготовките свој придонес дадоа и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Во поставката ќе бидат изложени повеќе од 100тина дела, кои вклучуваат објекти, фигурини, колажи, цртежи и асамблажи и апликации изведени со леплива лента или селотејп на стакло или хартија, материјал по кој е најчесто препознатливо делото на Симон Узуновски. Неповторливите, ефемерни инсталации, перформанси и акции со кои Узуновски инволвира широк круг пријатели, колеги, познаници и публика во создавањето или изведбата на повеќе негови дела ќе бидат претставени со обемна фото документација, која истовремено ќе го прикаже и времето на 70те години и ентузијазмот и енергијата со кои Узуновски успеваше заразно да ја шири идејата за демократизација на уметноста и нејзиното приближување со манифестациите на секојдневниот живот. „Симе зрачеше со неверојатна животна енергија и ентузијазам, со еден вид афирмативна, привлечна сила, околу која гравитираше нашата генерација. Секогаш беше подготвен да иницира и анимира настани и случки, како во секојдневниот живот, така и во полето на уметноста. Симе во колективната професионална меморија на неговите сопатници и поддржувачи ќе остане како најзначајниот претставник на концептуалните искуства во 70те години кај нас. Со своите концептуални практики, Симе пополни една празнина во развојот на современата уметност, во време кога на уметничката сцена се уште беа присутни доцномодернистичките формални образци од претходната деценија. Во личната меморија на секој од нас што интензивно другаруваше со Симе ќе остане една синтагма што честопати ја користеше и ја потенцираше во бројните случувања: „Ајде да се организираме за да се развија“ “, велат Неделковска и Димитровски. Ретроспективната изложба на Узуновски има за цел, не само историографски-ретроспективно да го презентира неговото творештво, туку и теоретски да ја осветли неговата исклучителна појава. Фокусот на изложбата е сепак насочен на најзначајниот за него период на седумдесеттите години на ХХ век, период, кога на локалната сцена, како дел од југословенскиот културен простор, продираат алтернативните уметнички практики. Симон Узуновски е клучната фигура на овие нови уметнички практики во нашата средина. Со своето уметничко дејствување, Узуновски отвори еден сосема инаков пристап кон сфаќањето на уметноста, со што беа доведени во прашање воспоставените конвенционални јазични и естетски нормативи на традиционалните ликовни дисциплини. Изложбата во МСУ ќе биде отворена до 25 октомври 2022 година. Поставката се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија и ЕВН - Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделкиПоддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. „Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план. „Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“. „Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11