Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел - Канал 5

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром се очекува да пристигне првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел, кои попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик, Египет.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува да слета владиниот авион?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

СЗО и УНИЦЕФ: Опаѓањето на стапката на вакцинација предизвикува раст на болести што можат да се спречат

 Стапката на вакцинацијата кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година останала под нивото од пред пандемијата, покажуваат податоците за опфат со имунизација што денеска ги објавија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ

СЗО и УНИЦЕФ: Опаѓањето на стапката на вакцинација предизвикува раст на болести што можат да се спречат

Според извештајот, 89 отсто од новороденчињата во светот примиле најмалку една доза од вакцината DTP (против дифтерија, тетанус и пертусис), а 85 отсто ги примиле сите три дози. Тоа претставува зголемување од 171.000 деца кои примиле барем една доза, и еден милион целосно вакцинирани деца повеќе во споредба со 2023 година.

Сепак, во регионот на Европа и Централна Азија, просечните стапки на вакцинација останале непроменети или се намалиле за еден процентен поен, стои во извештајот.

Во некои земји од регионот, опфатот со првата доза од MMR вакцината (против морбили, заушки и рубеола) и третата доза од DTP значително опаднал. Дел од земјите пријавиле само 23 отсто опфат со првата доза MMR и 51 отсто со третата доза DTP. За постигнување колективен имунитет и спречување на епидемии на болести што може да се спречат со вакцинација, неопходен е годишен опфат од најмалку 95 отсто.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во 2024 година речиси 300.000 луѓе заболеле од пертусис (магарешка кашлица), што е тројно зголемување во споредба со претходната година.

– Во меѓувреме, повеќе од 125.000 лица заболеле од морбили, двојно повеќе од 2023 година. Овие бројки не се само статистика – тоа се стотици илјади загрижени семејства чии деца се разболеле, а тоа можело да се спречи, рече Клуге.

Тој нагласи дека „вакцините спасуваат животи, а кога опфатот паѓа – болестите се шират“.

Клуге ги повика државите да инвестираат во силни локални здравствени системи, да обезбедат достапност на вакцините во секоја заедница и активно да се борат против дезинформациите.

– Здравствените работници мора да добијат поддршка за да стигнат до секое семејство, особено во тешко достапните области. Заедниците треба да бидат информирани со веродостојни информации за родителите да можат со доверба да ги вакцинираат своите деца, изјави тој.

Регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Режина де Доминичис, изјави дека „вакцинацијата станала жртва на сопствениот успех“.

– Денешната генерација не е сведок на разорните последици од болестите што може да се спречат со вакцинација – што доведува до опуштеност и овозможува полесно ширење на дезинформации, рече таа.

И покрај предизвиците, извештајот посочува на континуирано подобрување на опфатот со новите вакцини. Така, помеѓу 2019 и 2024 година, опфатот со првата доза од вакцината против хуманиот папилома вирус (HPV) кај девојчињата пораснал од 37 на 40 отсто, а кај момчињата од осум на 26 отсто.

Зголемен е и опфатот со последната доза од вакцината против ротавирус – од 24 на 42 отсто, како и со третата доза од вакцината против Haemophilus influenzae тип Б – од 81 на 93 отсто.

– Потребна е итна и обединета акција за намалување на јазот во опфатот со имунизација и спречување на повторна појава на болести што можат да се превенираат. Секоја земја има своја улога, дури и оние со високи стапки на вакцинација, порача Клуге.

Мицкоски: ГРЕКО потврди оти Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливос

ГРЕКО потврди оти Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост, ќе продолжиме уште пожестоко.

Мицкоски: ГРЕКО потврди оти Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливос

Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција. Корупцијата не беше појава - беше правило, а правдата беше селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. Тоа беше сликата која ја наследивме. И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција. Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО објавен вчера е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира.

Ова го нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

Мицкоски потенцира дека ГРЕКО потврди оти Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост.

-Со затворањето на постапките за усогласување, Групата на држави против корупција на Советот на Европа испрати јасна порака: дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики. Ова не е само административно признание - ова е институционална пресвртница, рече премиерот.

Според него, првпат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата.

-Тоа ни дава поттик, но уште повеќе носи одговорност. Борбата против корупцијата не е декларација туку системска промена што сега добива и меѓународна потврда, нагласи премиерот на седницата.

Мицкоски, меѓудругото, истакна дека работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата.

-Денешната седница ја третираме не само како координациска, туку како суштинска точка во еден поширок напор: напор да создадеме систем што ќе ги препознава ризиците на време, ќе реагира ефикасно и ќе обезбеди долгорочна заштита на граѓаните. Насилниот екстремизам и тероризмот не се само закани по безбедноста- тие се индикатори на подлабоки слабости во системот. И затоа борбата со нив не може да биде изолирана, туку мора да се води паралелно со јакнење на институциите, на правната држава и на јавната доверба, рече тој.

Тој потсети дека екстремизмот, радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба, а институциите се корумпирани и затоа, додаде, нашата стратегија е јасна - градење на сигурна држава, со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.

-Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент. И очекувам од сите учесници, безбедносни, општествени, образовни и локални да дејствуваат координирано, без одлагање и без калкулации. Продолжуваме со иста сериозност, без еуфорија, но со целосна трезвеност. Затоа што борбата за стабилна, сигурна и правична Македонија не се добива со зборови, туку со дела, заклучи премиерот во обраќањето на седницата.

Стојкоски: И годинава бесплатни училишни ранци и прибор за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Градоначалникот Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров и во 2025 година продолжуваат со традицијата на обезбедување бесплатни училишни ранци и училишен прибор за сите 430 првачиња на територијата на општината. 

Стојкоски: И годинава бесплатни училишни ранци и прибор за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина.

Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги избраа своите нови училишни ранци, кои ќе ги користат од септември.

Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана.

„Грижата за децата е наша најголема обврска и посветеност. Со овие проекти создаваме услови за еднаков почеток, охрабрување и сигурност во нивниот образовен пат“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на развојот на локалната заедница, особено преку поддршка на образованието и создавање поволна средина за раст и развој на децата.

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер