Вечерва Ноу Камп домаќин на првиот Ел Класико во новата сезона! - Канал 5

Вечерва Ноу Камп домаќин на првиот Ел Класико во новата сезона!

Во сенка на политичките превирања во Каталонија, Ноу Камп вечерва е домаќин на најголемото светско фудбалско дерби, популарниот Ел Класико меѓу шпанските великани Барселона и Реал Мадрид.

Вечерва Ноу Камп домаќин на првиот Ел Класико во новата сезона!

Ова конечно ќе биде нивниот прв судри сезонава.

Двајцата најголеми фаворите за титулата во Примера Дивизионот, вечерашниот Ел Класико го очекуваат на делба на првата позиција со по 35 освоени бодови по 17 одиграни кола. Во дербито влегуваат со по реми од претходниот викенд.

Барселона во 17 кола е многу поефикасна од големиот Реал со 43 во однос на 33 гола на кралевите. Но, Каталонците се многу полоши во дефанзивата со 20 примени гола дури осум повеќе од големиот ривал.

Вечерашното дерби ќе биде првиот Ел Класико на најголемото засилување на домаќините Антонио Гризман.

Пред вечерашниот судир на Ноу Камп предводникот на Барселона Валверде поради повреда не може да смета на Дембеле и Артур Мело, Зидан пак има многу поголеми проблеми со составување на тимот. Во редовите на Кралевите вечерва сигурно ќе недостасуваат супер ѕвездата Еден Азар, Асенсио, Хамес Родригез, Васкес и Марсело.

Вечерашното дерби кое прво требаше редовно да се одигра на 26 октомври, но беше одложено поради политичката состојба во Каталонија, и вечерва нема да мине без политичка конотација. Поради напнатата состојба фудбалерите на двете екипи ноќта ја минаа во ист хотел во близина На НОу камп од каде истовремено ќе заминат на стадион со клупски автобуси.

Повеќе од 25 000 протестанти договориле вечерва средба пред Ноу Камп пред стартот на најголемото светско фудбалско дерби.

Борци за самостојност на Каталонија сигурно ќе има и меѓу 99000 гледачи на трибините, поради што реално е да се очекуваат политички пароли и инциденти за време на мечот.

За безбедноста на фудбалерите и гледачите на Ноу камп ќе се грижат околу 3000 специјалци кои ќе бидат распоредени низ целиот стадион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер