Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
1Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
3Јаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија
КултураВечерва и утре скопски летен фестивал на отворено „Звукот на Скопје“, Една од најголемите манифестации на Културно информативниот центар- Скопје „Звуците на чаршијата“ вечерва и утре на скопјани им нуди дводневен концентриран скопски летен фестивал на отворено.На повеќе локации во Скопје ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња. Вечерва, петок (16 септември) на платото пред Филхармонија во 22 часот натапува Констракта и „Земља грува“, Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галеријата Империјал I, во КИЦ ќе биде отворена изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto), кои преку уметноста на создавање заедно патуваат во потрага по себе. Во 2019 година, уметниците учествувале на уметничка резиденција Де Ниро, во Битола, и ги донеле своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите... Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања. „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Фестивалот се организира во партнерство со компанијата „Пакомак“ и вечерва наместо влезница понесете едно пластично шише или лименка, а в сабота влезот е слободен. Ова е фестивалската програма и сатница на „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“ ПЕТОК, 16 септември Плоштад Мајка Тереза: - Хајка 19:30-20:30 - Дина Јашари & другари 20:30-22:00 - KONSTRAKTA & Zemlja Gruva 22:00-24:00 Низ чаршија: - Вива Стрингс 18:00-19:00 - Diaz Wojtas Duo Стоковна мост 18:30-19:30 КИЦ (Империјал I): - MACEDONIA, изложба на Daniel Chastinet & Wilson Neto 20:00 САБОТА, 17 септември Плоштад Мајка Тереза: - Брука бенд 19:00-19:40 - Foolish Green 20:00 - 20:40 - Бла бла бла 21:00 - 21:40 - Toни Китановски 22:00-22:40 - Љубојна 23:00-24:00 Ибни Пајко - Изложба на колажи на Игор Калц 18:00-24:00 - Поетско читање 18:00-19:00 - „Куферко, светскиот патник од Македонија“19:00-20:00 - Баклава 20:30-21:15 - Добрила и Дориан Дуо 22:00-22:45 - Перија 23:00-24:00Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
СветТрагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсенНајмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми. Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој. Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација. Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција. „Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство. „Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој. Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал.Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа. Програмата е организирана во пет модули, посветени на: * лидерство, тимска работа и организација; * комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки; * јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки; * финансии, буџетирање и економски показатели; * политички менаџмент, организација и кампањи. Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор. На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија. Како да се пријавиш? Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на: [email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата. Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме стигнале, како општество, во нашата обврска на секое дете да му овозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа Влада вети дека ќе ја подигне инклузивноста на воспитно-образовниот систем во целина, и тоа го правиме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап што се одржа во Собранието, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Зета – организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи. Посочи дека оваа учебна година се ангажирани најголем број образовни асистенти досега: 1.602 во основните училишта низ државата и 176 во средното образование. Во тек е и постапка за ангажирање на дополнителен број на стручни лица за образовна асистенција. „Во насока на подигнување на инклузивноста е и јакнењето на стручните служби во училиштата, преку ангажирање на потребен кадар. Паралелно ја подобруваме пристапноста во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за учениците со посебни потреби. Воведовме две нови категории студентски стипендии наменети за студенти со попреченост и со ретки болести“, додаде министерката. Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, од минатата година функционира како ресурсен центар и таму работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници и стручни лица кои се обучени за образование на овие ученици со посебни образовни потреби. „Оваа учебна година, во ова единствено училиште на ниво на државата, се запишани повеќе ученици отколку лани. Тоа говори за препознавањето на квалитетот на воспитно-образовната работа, можноста за добивање соодветна стручната помош и раст на довербата што родителите ја имаат во институцијата“, укажа министерката Јаневска. Училиштето е опремено со најсовремена асистивна технологија, со заеднички ангажман и во соработка со општествено одговорни компании, што како практика треба да продолжи, затоа што многу е важно децата со посебни образовни потреби да имаат пристап до најновите алатки и технолошки решенија кои ќе им овозможат полесно учење, поголема самостојност и порамноправно учество во образовниот процес и во секојдневниот живот. „Ограничените ресурси се главната пречка за подобри услови за квалитетна настава, но, тоа може да се надомести со поквалитетни обуки, подобра комуникација меѓу сите чинители и секако со стратешко унапредување на инклузивниот образовен систем“, додаде министерката Јаневска, нагласувајќи ја потребата за подигнување на јавната свест дека попреченоста не ја определува личноста и дека треба да градиме општество во кое секој млад човек ќе добие шанса за избор на сопствена иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook