3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
Веб ТВВечерни Вести на Канал 5, 26.09.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Муцунски чита некој друг извештајМуцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита? Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“. Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање. Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо. Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока. Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители. Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните. Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагетиВо петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 морков 1 главица кромид 400 мл. доматно пире 400 гр. мелено месо 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло половина чаша црвено вино 100 гр. пармезан сол, бибер и босилок Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканОдреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилствоСудијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста. Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена. Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците. Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter