Антон и Шерил Шермер вечерале во ресторан во американскиот град Њу Џерси , кога мажот наеднаш исплукал бисер од школките што ги јадел.
Кевин Џозеф од „Емпајер Ојстер“, кој го снабдува со школки ресторанот, рече дека станува збор за исклучително редок феномен, особено за типот школки што Антон го јадел и кои потекнувааат од државата Вашингтон.
Тој вели дека од стотиците илјади школки што минуваат низ неговите раце, тој никогаш не нашол бисер. "Иако е реткост, имам слушнато за бисери кои се наоѓаат во школки од тплите голфски струи, но никогаш во школки од студена вода (кумамото школките). Тоа се случува еднаш во животот", вели Џозеф.
Ресторанот им го подарил бисерот на Антон и Шерил и тие планираат да го сочуваат во рамка.