1 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата
3Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание
КултураВечер на француска класична музика со виолончелистката Фредерик ЛеграндФранцуската виолончелистка Фредерик Легранд вечер ќе настапи на „Скопско лето“ со пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Марко Поп Ристов на концерт во Музеј на Град Скопје од 20.30 часот.На концертот насловен „Вечер на француска класична музика“ тие ќе изведат дела од Дебиси, Купрен, Пуланк... Музичарката од Франција Легранд почнала да свири пијано на три години, а откако дипломирала на конзерваториумот во Валенсиен, изучувала виолончелото со Дејвид Лоуерс и Елен Датри. Дипломирала на Кралскиот колеџ за музика во 2009 година. На „Скопско лето“ утревечер, пак, во Сули ан од 22 часот, концерт ќе има Младинскиот светски џез-оркестар (JM World Jazz Orchestra) предводен од диригентот Луис Бонила од САД. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје утрешниот концерт го организира во соработка со Музичка младина на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државатаДеветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари. -Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати. И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода. Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме. Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПадот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во МакедонијаНе стивнуваат партиските реакции во земјава по падот на Александар Вучиќ во Србија. Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва. „Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат. Преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка. “-Андреј Жерновски – член на ИК на СДСМ. Премиерот Мицкоски уверува дека критериумите за влез на банки во државата се строги и мора да се испочитувани. Во гостување на Само интервју ги отфрли обвинувањата од СДСМ за соработка со Вучиќ и рече дека не очекува српското сценарио да се отслика и кај нас. „ Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка има таков клиринг процес во рамки на Народната банка што апсолутно не може било каков фенинг капитал да влезе овдека без да помине низ тој регулатор. / Бидејќи ова со студентите некако брзо промптно реагиравте на нивните барања, вчера ги примивте.. Дали се плашите можеби да не има некое такво движење и кај нас да се појави? – Зарем ви личам на исплашен човек? Апсолутно, таман работа, прво, јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек никогаш нема да дозволам да се создаде движење коешто ќе биде толку радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни и продржавни, промакедонски. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само интервју 29.10). За тврдењата на СДСМ гувернерот Славески изјави дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. Го повтори ставот на Народна банка дека неповерени тврдења за други банкарски системи не требало да се коментираат. Тагови: Андреј Жерновски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијаниеЧетириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа. „Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот. Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото. -Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК. Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook