Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотВе буди анксиозноста наместо будилникот? Пробајте ги овие 4 рецепти против утринската анксиозностМногу луѓе со и без анксиозни нарушувања се будат со чувство на грижа и страв дотолку што попрво би останале во кревет и би го избегнале претстојниот ден. Не сте единствени! Не обесхрабрувајте се, бидејќи постојат многу начини да ја намалите утринската анксиозност и посмирено да зачекорите во денот. Рецепт број 1: Обрнете внимание на вашите навики и рутина за спиење Квалитетниот сон е неопходен за менталното и физичкото здравје. Проблемите како тешкотии при заспивање или често будење може да предизвикаат главоболки, замор, слаба концентрација, губење на меморијата, раздразливост и анксиозност. Здравите навики за спиење вклучуваат избегнување на стимулирачки активности 2-3 часа пред спиењето (ТВ, компјутер, интензивно вежбање, кофеин). Наместо тоа, опуштете се пред спиење со книга или топла бања. Легнувајте во исто време и станувајте во исто време секој ден, вклучително и викендите. Одржувајте ја вашата соба ладна (околу 18 °C) и темна, а креветот користете го само за спиење и интимност со вашиот партнер. Запишувајте ги вашите грижи во дневник пред заспивање за да не го нарушувате вашиот одмор - ова делумно ќе ги елиминира од вашата потсвест. Ако сè уште не спиете добро и покрај добрите навики, разговарајте со лекар. Рецепт број 2: Идентификувајте ги утринските нешта што ви предизвикуваат стрес Некои делови од вашата утринска рутина можат да ја зголемат анксиозноста, како што е гласен аларм што нагло ве буди. Обидете се со потивка мелодија. Долгата листа на обврски може да биде дополнителен товар за вас. Затоа: оставете си доволно време наутро за да се разбудите, избегнувајте го копчето „snooze“ (одложување). Дел од задачите завршете ги претходната вечер (спакувајте ужина или ручек, подгответе ја облеката...) правете вежби за релаксација. Започнувањето на денот со мир и фокус на обврските помага да ја одржите емоционалната рамнотежа. Можете да пробате длабоко дишење, кое ја враќа рамнотежата на кислородот и јаглерод диоксидот и го смирува стресот. Потоа, со водени медитации, замислете се себеси на плажа или во цветна ливада. Пишувањето дневник навистина помага: запишете ги вашите чувства и мисли, на овој начин ќе ја намалите тензијата. Фокусирајте се на сегашниот момент и на сопствените сензации со медитација. Прогресивната мускулна релаксација исто така може да помогне. Затегнете ги и опуштете ги мускулите од глава до пети. Рецепт број 3: Размислувајте позитивно кога ќе ги препознаете негативните мисли Ако често се будите вознемирени, можеби сте развиле негативен модел на размислување. Ова може да ја зголеми вашата анксиозност штом ќе ги отворите очите. Прво, препознајте ги, а потоа заменете ги со позитивни тврдења. На пример: Негативна мисла: „Се чувствувам ужасно, не можам да се справам денес.“ Позитивна замена: „Анксиозен сум, но се справував со тоа и претходно. Ако стане тешко, ќе користам техники за релаксација. Ја имам контролата и можам да управувам со моите чувства.“ Овој процес бара пракса, но може да ги промени вашите модели на размислување. Ако ви е потребна стручна помош, когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) може да биде ефикасна. Рецепт бр. 4: Обрнете внимание на вашата исхрана Исхраната има сериозно влијание врз анксиозноста. Истражувањата покажуваат дека поверојатно е луѓе со нарушено расположение да имаат лоша исхрана, не јадат доволно овошје, зеленчук и не внесуваат доволно протеини, наместо тоа јадат брза храна, богата со масти и рафинирани јаглехидрати. Обидете се: повеќе протеини, омега-3 масни киселини (риба), овошје и зеленчук јаглехидрати со низок гликемиски индекс за постабилно ниво на шеќер во крвта. И не заборавајте го кофеинот. Тоа е моќен стимуланс кој ја зголемува анксиозноста кај многу луѓе. Ако се сомневате дека ова може да придонесува за вашата утринска нервоза, намалете го консумирањето кафе или црн чај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветКим Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање. Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Затоплување на односите Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник. Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата. Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг. Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.Тагови: Ким Џонг-ун Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter