3Артан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа вина
ФудбалВдовицата на Синиша Михајловиќ ги откри неговите последни зборови Аријана Рапаќони уште еднаш јавно му оддаде почит на својот сопруг Синиша Михајловиќ, кој почина на 16 декември на 53-годишна возраст.Легендарниот фудбалер и тренер со години се бореше со леукемија, но за жал не успеа да ја победи. Сопругата Аријана ги откри последните зборови на Синиша на Инстаграм. „Никогаш нема да го заборавам тој момент кога рече дека си толку среќен. Наскоро полета кон небото“, напишала Аријана на Инстаграм. Нејзината посветеност на Синиша предизвика големи емоции кај многу нејзини следбеници, кои ѝ дадоа голема поддршка и утешни зборови во коментарите. View this post on Instagram A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic) Синиша Михајловиќ фудбалската кариера ја започна во Борово, а се прослави во тимот на Војводина, а потоа и во Црвена звезда со која ја покори Европа. На почетокот на 1990-тите се пресели во Италија каде го носеше дресот на Рома, а потоа успешно го облече дресот на Сампдорија, Лацио и Интер каде ја заврши кариерата во 2006 година. Како тренер најдолго го водеше тимот на Болоња, а работеше во Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милано и Торино, како и во репрезентацијата на Србија. За југословенската репрезентација одигра 63 натпревари со 10 постигнати голови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре посебен режим на сообраќај во СкопјеНа 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ .На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕкономијаГодишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%2,6 проценти изнесува инфлацијата во август на годишно ниво, додека во однос на јули трошоците за живот се зголемиле за 0,4%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем месечен раст има кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 процент, потоа кај рестораните и услугите за сместување – 2,5 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 проценти. Намалување има кај транспортот за 0,8 и кај облеката и обувките за 0,3 проценти. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши засега не најавува нови мерки, но вели состојбата со цените постојано се следи од ДПИ, а доколку се утврдат неоправдани поскапувања на прехранбените производи, вели дека Владата ќе ги употреби механизмите што и стојат на располагање. - Сите механизми што ги имаме, административни механизми што ќе ги имаме на располагање ќе ги употребиме. Ако има девијантно однесување или ако има зголемување на цените на прехрамбените производи од страна на трговците без економско оправдано, како сме постапиле во минатиот период, така ќе постапиме и во наредниот период.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Во меѓувреме, под лупа ќе биде ставен другиот крај од синџирот - откупот на земјоделските производи. Министерството за земјоделство неделава ќе побара проверка од Комисијата за заштита на конкуренцијата за состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и други производи. Ќе се утврдува дали меѓу откупувачите има недозволено усогласување, злоупотреба на пазарна моќ или нефер трговски практики. Дурмиши вели дека нема лични сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите, но очекува санкции доколку се утврдат прекршувања. - Многу добро постапиле што ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата и врз основа на тие информации Комисијата врз основа на законските рамки ќе излегува на терен и ќе прави контроли и ќе ја провери ситуацијата. Ако е стварно така, исто како минатиот пат како што реагиравме кога се здружија картелски четири најголеми трговци во нашата земја и им напишавме нели казни за тоа здружење што го направија и нормално дека влијаеле во пазарот.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Инаку, на годишно ниво, најголем раст на трошоците има кај алкохолните пијалаци и тутунот – околу 9,4 проценти, а потоа кај рекреацијата, спортот и културата – 8,7 проценти. Повисоки трошоци во однос на август лани има и кај образованието, рестораните и услугите за сместување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАртан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа винаПоранешниот прв вицепремиер Артан Груби негираше вина пред судот за злоупотребите во државна лотарија при набавката на видеолотариски апарати со кои е оштетен буџетот за околу 9,7 милиони евра. Освен него вина негираа и уште шестмина други обвинети меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски. Еден од обвинитеите не се произнесе бидејќи не го разбрал обвинението и побара од судот да му се обезбеди превод на албански јазик. На поранешниот дирктор на Државна лотарија Перпарим Бајрами кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството денеска го образложи обвинението. Обвинителите не сакаа да ја откријат својата стратегија пред судот а за промената на кривичното дело од проневераво службата во злоупотреба на службата кажаа дека тоа било резултат на доказите до кои дошле. Артан Груби по една година бегство во февруари се појави во државата и иако првично за него се бараше затворски притвор обвинителството побара куќен притвор. Обвинителите велат дека ги разбираат реакциите во јавност но добиле сериозни информации од МВР и АНБ дека му бил загрозен животот. Одбраната на Артан Груби тврди дека има цврти докази за да ја докаже неговата невиност. Судењето за случајот Државна лотарија во кој сите обвинети се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години, ќе продолжи во петок на 11 септември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12