1200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Италија во која загинаа 43 лица
СветВдовицата на Навални тврди дека лабораториски анализи покажале дека нејзиниот сопруг е отруен- Лаборатории во две земји дојдоа до заклучок дека Алексеј е убиен. Поточно: е отруен, наведе Јулија НавалниВдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Јулија денеска објави видеоснимка во која тврди дека лабораториските тестирања на биолошките примероци потврдиле дека нејзиниот сопруг е убиен со труење во февруари 2024 година, додека отслужувал затворска казна на Арктикот. - Лаборатории во две земји дојдоа до заклучок дека Алексеј е убиен. Поточно: е отруен, наведе Јулија Навални додавајќи оти неговите соработници успеале да пренесат биолошки примероци во странство, пред тој да биде погребан. Таа не наведе кои примероци се анализирани, ниту резултатите од тестирањето, но ги повика лабораториите сами да ги објават резултатите. Алексеј Навални беше најистакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Тој повеќе години организираше антивладини протести и го разоткриваше богатството на најблискиот круг на Путин. Претходно беше отруен во 2020 година додека водеше кампања во Сибир, по што беше итно префрлен во Германија на лекување. Тој, по враќањето во Русија во јануари 2021 година, беше уапсен, а подоцна осуден на 19 години затвор по низа обвиненија, вклучително и „екстремизам“. И покрај неговото затворање, тој продолжи да го критикува Путин и руската инвазија врз Украина. Според руските власти Навални ненадејно починал на 16 февруари 2024 година, откако се разболел додека шетал низ затворскиот комплекс. Неговото тело не беше вратено на неговото семејство со денови, што предизвика дополнителни сомневања. Јулија Навални постојано го обвинува рускиот претседател за смртта на нејзиниот сопруг. Тагови: Навални русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Италија во која загинаа 43 лица Поранешниот директор на италијанската компанија за управување со автопати „Аутостраде пер л'Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. Обвинителите бараа многу подолга казна за него, објави Би-Би-Си. Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судење во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна затворска казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор. Мостот се урна за време на силен дожд во средината на туристичката сезона, а автомобили и камиони паднаа од висина на земја. Емануел Дијаз, чиј брат Хенри загина во несреќата, за италијанската телевизија изјави дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, верува дека 12-годишната казна што му е изречена на Кастелучи е „прифатлива“. Новиот директор се извини Сегашниот извршен директор на „Аутостраде“, Ариго Џана, денес издаде јавно извинување во отворено писмо објавено во еден голем италијански дневен весник. „Дејствијата и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи лузни“, напиша Џана, кој дојде на чело на „Аутостраде“ минатата година. „Денес да се издаде извинување кое тогаш не беше изречено е морална обврска за нас што оди подалеку од утврдувањето на правната одговорност и текот на правдата според вистината“, додаде тој. „Аутостраде“ и нејзината подружница претходно постигнаа договор за корпоративна одговорност. Тие платија околу 30 милиони евра финансиски казни. Ова им овозможи на компаниите да избегнат судење како корпоративни обвинети и можни построги санкции, вклучително и исклучување од јавни договори. Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, роден во Џенова, беше отворен во 2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендерЧетири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантитеШпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата.. Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08