Вчеравечер пешак прегазен во Пинтија, возачот избегал - Канал 5

Вчеравечер пешак прегазен во Пинтија, возачот избегал

Вчеравечер во скопската населба Пинтија возач прегазил 28 годишно момче и избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.

Вчеравечер пешак прегазен во Пинтија, возачот избегал

„На 03.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18:15 часот на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на крстосницата со улицата „Саса“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, пишува во полициското соопштение.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Предлог законот за сајбер безбедност на почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на месецов законот да помине на влада и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура. Со ова законско решение според него ќе се обезбеди безбедност на целокупното општество.

YouTube video

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Пораките упатени од претседателот на Европскиот совет Кошта за време на посетата во земјава според дел од аналитичарите се повеќе од јасни, иако не се многу охрабрувачки.

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Петар Арсовски и Марко Трошановски оценуваат по јасното укажување дека мора да се исполни договореното од 2022 година, Брисел ќе, очекува јасен потег од Скопје.

YouTube video

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Од Европската Унија очекуваме предвидливост и бараме билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување кон Унијата, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, дека договореното од 2022 година треба да се испорача.

На средбата со Претсеталката Сиљановска, Кошта кажал дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, но Муцунски вели дека полноправно членство во ЕУ останува стратешката цел за Македонија, а додека не се одблокира патот, ќе се продолжи со Реформската агенда.

-Нашата позиција во однос на тоа прашање е кристално јасна, и тука не треба ниту граѓаните да имаат дилема, ниту вие како медиуми. Секогаш ќе има дијалог и секогаш ќе работиме, но ќе повторам нешто што постојано го кажувам - не решение по секоја цена и решенија коишто дополнително ќе биде ризик и камен на сопнување како ова решение од 2022 година што сега на дело се докажува дека е решение кое создава дополнителни проблеми меѓу државите, наместо да биде чекор напред. Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. - Тимчо Муцунски- министер за надворешни работи

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија. Таа нагласи дека Австрија ја поддржува европската перспектива на Македонија и дека сите отспаки кои земјава ги направила не остануваат незабележани.

Претседателот на Европскиот совет Кошта вчера за време на посетата на Скопје порача дека процесот на евроинтергација на земјава се одвива многу долго и оти сега е време да се испорачаат резултати. На новинарско прашање дали има план Б за тоа да се надминат барањата од страна на Бугарија, Кошта истакна дека не треба да се потценува планот А и дека треба да се фокусираме на негова испорака.

YouTube video

притисни ентер