Вашингтон пост: Бајден ја укина забраната за употреба на американско оружје од Азов

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот.

Стејт департментот ја укина десетгодишната забрана за полкот Азов да користи американска обука и оружје, откако по анализа не откри докази за кршење на човековите права од страна на единицата, објави весникот.

Актот Лихи забранува давање американска воена помош за странски воени единици за кои е утврдено дека извршиле кршење на човековите права. Азовскиот полк, кој има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и потекнува од баталјон формиран во 2014 година за борба против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Полкот во Украина е пофален како бранител на земјата од руската инвазија, а особено на јужниот град Мариупол, но во Руската Федерација го третираат како терористичка организација и неговите активности се забранети./МИА

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

Декларацијата на самитот за Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници

 Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка.

Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА.

Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат.

-Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, рече канцеларот.

Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат

-Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.

Дводневната конференција на 92 држави и осум меѓународни организации треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.

Целта на настанот е да се иницира мировен процес во кој долгорочно ќе биде вклучена и Русија. Официјални лица од Москва во оваа прилика не беа поканети и не изразија желба да присуствуваат.

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт.

-Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.

Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот - повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.

-Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.

Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат.

притисни ентер