Вашингтон не исклучува можност Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска - Канал 5

Вашингтон не исклучува можност Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска

Статусот на окупираните украински региони се очекува да бидат меѓу клучните теми на средбата меѓу Трамп и Путин. 

Вашингтон не исклучува можност Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска

Иако Зеленски не прифаќа територијални отстапки, сепак Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вели дека на средбата која ќе се случи во петок на Алјаска е реална опција да се преговара за тоа. Тој смета дека состанокот ќе покаже колку рускиот претседател е сериозен во однос на постигнувањето мир.

-Кога ќе се започне со преговори на највисоко ниво, се надеваме дека петок ќе биде важен чекор за тој процес, потребно е и Украина да биде на маса. Ќе се разговара за територијата, ќе се разговара секако и за безбедносните гаранции, но исто така апсолутно треба да се признае дека Украина одлучува за сопствената иднина и дека Украина мора да биде суверена нација која сама ќе одлучува за својата геополитичка иднина,- -Руте.

Иако средбата Путин-Трамп е предвидена да биде во четири очи, американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер смета дека на средбата е можно да присуствува и Володимир Зеленски. Како што порача Витакер, одлуката за тоа дали и украинскиот претседател ќе учествува на средбата ќе ја донесе Трамп доколку смета дека тоа би било најдоброто сценарио.

-Можно ли е тој (Володимир Зеленски) да присуствува?

-Секако дека е возможно. Знаете, не е можно да се постигне договор без сите вклучени страни да се согласат. Очигледно е дека е приоритет да се стави крај на оваа војна. Масакрот и умирањето се ужасни. Мислам дека директниот ангажман на претседателот Трамп не води поблиску кон мир. Одлуката ќе биде донесена од страна на претседателот Трамп. Тој се согласи да се сретне со претседателот Путин на Алјаска во петок и доколку смета дека најдоброто сценарио е да го покани Зеленски, тогаш тој ќе го направи тоа,- -Витакер.

Според Каја Калас, високиот претставник на ЕУ за надворшена и безбедносна политика, САД има моќ да ја принуди Русија за сериозни преговори, но дека секој договор мора да ги вклучува и Украина и Европската Унија поради тоа што станува збор за безбедносно прашање не само на Украина, туку и на цела Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

Стабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Протестот што се одржа пред зградата на парламентот на Косово ескалираше во судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако тие се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за специјалниот суд.

Демонстрантите, како што пренесоа регионалните медиуми, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата.

Претходно, парламентот ги усвои измените во прво читање, но конечното гласање е сè уште под знак прашалник.

Иницијативата на демократската партија на Косово за измена на законот за специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово.

.Протестите избувнаа по пресудите против Хашим Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК, кои беа осудени на затворски казни од 13 до 25 години. Пресудите предизвикаа силна реакција во Косово. Предложените законски измени треба да ги ограничат дел од надлежностите на судот, меѓу другото во однос на должината на казните и правните лекови.денеска, е двојно критичен ден за Косово. Институциите треба да најдат излез и од спорот околу специјалниот суд и од блокадата околу претседателот. Неуспехот би значел продолжување на уличните тензии, но и уште еден изборен циклус во земја која веќе подолг период функционира под силен политички притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Во вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Состојки за денешниот рецепт:

400 г. макарони

500 мл. готов бешамел

200 г. рендан кашкавал

150 - 200 г. сирење

2 јајца

30 - 50 г. путер

масло

сол, црн бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер