3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
БалканВархеји: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазарТој порача дека „Европа е тука да придонесе, но и регионот мора да ги покаже своите резултати“. „Да му помогнеме на регионот да се трансформира“, додаде еврокомесарот. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар. - Денеска разговаравме за Берлинскиот процес, кој е добра и комплементарна платформа за агендата за проширување, како и дел од нашиот ангажман со Западен Балкан. Берлинскиот процес е најсигурната платформа преку која ја покажуваме нашата посветеност и ангажираност за регионот. За нас проширувањето на Западен Балкан е клучен приоритет, затоа го донесовме планот за економски инвестиции, мобилизиравме една третина од БДП во целиот регион. Тоа покажува дека ЕУ има резултати за својата работа. Инвестиравме една милијарда евра за да им помогнеме на ранливата категорија граѓани за да се справиме со екстремните поскапувања, изјави тој. Посочи дека јасно ставиле до знаење дека поддршката ќе продолжи и за енергијата. - Ние поддржуваме проекти на обновлив начин. Подготвени сме да финансираме нов терминал за гас во Црна Гора. Регионот што ќе има корист од овие инвестиции мора да биде економски интегриран. Целосно сме убедени дека имаме уште поголем потенцијал. Регионот ќе може да додаде една третина од својот БДП. Зборувавме за претходните експанзиони бранови за тоа како најдобро да се подготвиме за интегрираното проширување на регионот. Овој план исто така ќе има за цел да ја забрза економската интеграција и ќе има можности Западен Балкан да се интегрира на пазарот на ЕУ без да стане членка, рече Вархеји. Тој порача дека „Европа е тука да придонесе, но и регионот мора да ги покаже своите резултати“. „Да му помогнеме на регионот да се трансформира“, додаде еврокомесарот. Домаќиот, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани оцени дека „актуелната геополитичка ситуација произведе многу предизвици кои бараат внимание и решавање, а исто така бараат силна посветеност, не само на регионот, туку и на ЕУ“, нагласувајќи дека „ситуацијата, покрај предизвиците, произведе нова политичка волја“. - Берлинскиот процес се заснова на три столба: европска перспектива, решавање спорови, подобрување на економските перформанси на регионот. Овогодинешниот самит ќе се фокусира главно на третиот столб. На маса се неколку предлози кои значително ќе го подобрат економскиот развој на регионот“, рече Хасани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание. Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко. „Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа. Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија. „Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“. Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана. Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано. За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека. Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветАмериканските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакумАмериканските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава.Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи. Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава. Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година. Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година. Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter