Вардар утре го пречекува тимот на Брест Мешков - Канал 5

Вардар утре го пречекува тимот на Брест Мешков

Македонското карате изминатите години направи големо реноме на меѓународната сцена па затоа медалите од големите натпреварувања како европските и светските првенства се честа појава.

Вардар утре го пречекува тимот на Брест Мешков
Амбициите нормално секогаш растат, па така и на првото големо натпреварување оваа година нашите млади каратисти ќе се обидат да го повторат успехот од лани кога во лисабон на европското првенство за младинци освоија неколку одличја.

Македонската експедиција вечерва тргнува за Цирих, Швајцарија, каде од 5 до 8 февруари ќе се одржи европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори.

Репрезентацијата ќе биде составена до 35 каратисти во сите тежински и возрасни категории, а селекторите повторно очекуваат успех, односно да се вратат со неколку освоени медали.

Вардар ја продолжува ракометната сезона и утре против Брест Мешков во рамки на сеха-лигата го игра првиот натпревар во новата година.

Мал проблем за екипата е тоа што дури 11 ракометари играа на светското првенство во Катар, но за среќа нема повредени и сите се максимално подготвени.

Еден од двата порази сезонава во регионалното натпреварување „црвено-црните“ го доживеа на гостувањето кај Брест, што кажува дека се работи за исклучително квалитетен тим. Овој натпревар ќе дојде добро и како последен тест и кревање на самодовербата пред продолжението од лигата на шампионите.

Вардар утре натпреварот против Брест го игра во салата „Јане сандаски“ со почеток од 20 часот и 15 минути. По 12 одиграни кола во СЕХА-лигата, нашиот тим се наоѓа на втората позиција со 30 бода, додека противникот од белорусија е на четвртото место со шест бодови помалку, но и со натпревар помалку.

Вториот наш претставник во СЕХА-лигата Металург и покрај проблемите со играчкиот кадар во неделата на домашен терен го совлада Нексе, а утре ќе се обиде на гостински терен да го изненади Татран Прешов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓаните

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс.

СДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓаните

Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат - системот е во дефект.

Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни.

Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и неспособност на оваа Влада и на Министерството за здравство, да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем.

Кога во хируршките сали нема услови за работа, не се одложуваат само операции.

Се одложуваат нечии надежи за оздравување, се продолжува нечија неизвесност, се доведува во прашање безбедноста на пациентите.

Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случчат компликации поради чекање за операција?

На една Влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно.

Но, на Владата на ВМРО, поважно е да има пари за партиски тендери, отколку за функционален и одржлив здравствен систем.

Во буџетот нема пари. На средина од годината дефицитот е целосно истрошен, а државата ја задолжија со нови 2,5 милијарди евра.

Ништо од тие пари не е за мерки за граѓаните, за плати и пензии, ниту пак за инвестиции во здравството.

Пациентите не смеат да бидат жртва на неспособноста, негрижата и лошото менаџирање на оваа криминална власт.

Бараме итно санирање на дефектот и оспособување на хируршките сали за сите пациенти.

Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 30.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грчкиот црвен крст со упатство за каснување од рибата зајак

По неколкуте пријави за каснување од риба зајак, грчкот црвен крст со упастава за брза реакција за капачите.

Грчкиот црвен крст со упатство за каснување од рибата зајак

„Веднаш исчистете ја раната со многу чиста вода и сапун, избегнувајте употреба на антисептици освен ако не ви препорача лекар, применете постојан притисок со чиста крпа или завој, држете го повреденото место подигнато доколку има крварење, побарајте медицинска помош што е можно поскоро – каснувањата може да бараат специјалистичка нега.

Во итен случај: јавете се на 166 (брза помош) или 112 (европски број за итни случаи), стои во памфлетот на грчкиот црвен крст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“

Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. 

Меркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“

Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар.

Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа.

На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер