Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
2Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
3Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
ФудбалВардар спогодбено го раскина договорот со ОбрегонЏон Обрегон од денеска не е повеќе член на ФК Вардар.Со овој фудбалер нашиот тим спогодбено го раскина договорот, и тој може да си бара нова средина. Ова е втор играч на нашиот тим кој што во зимскиот преоден рок ќе си замине од редовите на „црвено-црните“ после Немања Мијушковиќ, со кој исто така имаше спогодбен раскин на соработката, соопштија денеска од таборот на македонскиот шампион. Колумбискиот интернационалец дојде во Вардар во летниот преоден рок, и за „црвено-црните“ одигра вкупно седум меча од кои три во Купот, два во Европа (во Лигата на шампионите) и два во првенството на Македонија. Постигна три голови и сите во Купот на Македонија. ФК Вардар му се заблагодари на Џон Обрегон за придонесот во овие неколку месеци минати во клубот, и му посака се најдобро во неговата понатамошна кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ФормулаХамилтон тврди дека меѓу него и Ферари нема никаков проблем!Еден од најдобрите возачи во Формула 1 во историјата, пилотот на Ферари, Луис Хамилтон инсистира на тоа дека нема проблем со довербата меѓу него и тимот на Ферари. Еден од најдобрите возачи во Формула 1 во историјата, пилотот на Ферари, Луис Хамилтон инсистира на тоа дека нема проблем со довербата меѓу него и тимот на Ферари, и покрај несогласувањата околу стратешките одлуки за време на неодамнешните трки во Формула 1. Седумкратниот светски шампион, во текот на последните четири трки, двапати го игнорираше повикот на тимот да влезе во боксот за промена на гумите. Последен пат тоа се случи на Големата награда на Сао Пауло, кога тој остана на истрошени гуми за сува патека и покрај тоа што дождот се засилуваше, по што изгуби контрола над болидот. Пред Големата награда на Лас Вегас, Хамилтон истакна дека комуникацијата со тркачкиот инженер Карло Санти значително се подобрила. „Постојано работиме на комуникацијата. Оваа година таа е многу подобра. Во конкретниот случај, едноставно ги немав потребните информации, бидејќи ги добив во последен момент. Ќе продолжиме да ги подобруваме процесите. Целосно сме усогласени и се движиме во вистинската насока“, изјави Британецот. Хамилтон се осврна и на својот однос со тимскиот колега Шарл Леклер, по инцидентот на трката во Мексико, кога и двајцата ја загубија можноста за значаен резултат. „Шарл е одличен возач. Добро се разбираме, ги знаеме границите и ја имаме истата цел – да го постигнеме најдобриот резултат за тимот. Не чувствувам страв кога станува збор за борба со него на патеката“, изјави Хамилтон. А Леклер потврди дека несогласувањата биле надминати по разговорите во Бразил. „Разговорот помина многу добро. По само неколку реченици, тензијата исчезна и сè повторно беше во ред. Не мора секогаш да го имаме истото мислење, но важно е да разговараме и да работиме заедно. Сега моја цел е да победувам до крајот на сезоната“, рече возачот на Ферари.Тагови: Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб - СДСМ бара кривична одговорност51 милион евра, пари на граѓаните, не се префрлени во вториот пензиски столб заклучно со 31 октовмри!Криминалната власт на Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ги доведе во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб. Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати, со една единствена цел - да имаат сигурна и достоинствена пензија кога ќе го завршат работниот век. Арамијата Мицкоски и неговата банда го доведоа Фондот за ПИОМ до сериозна финансиска неодржливост. Дупката во ПИОМ ја зголемија на една милијарда евра. Сега го загрозија и вториот пензиски столб. Ја искрадоа државната каса за криминални тендери, ја задолжија државата со милијарди евра нови долгови, сега посегнуваат и по личните пари на граѓаните. Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк. Пари има само за криминалните тендери на власта. Префрлањето пари во вториот пензиски столб не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско осигурување. Има законски рок од 5 дена во кој мора ги префрли парите во вториот пензиски столб. Затоа, бараме реакција од Јавното обвинителство и кривична одговорност. Бараме парите веднаш да бидат префрлени. Пензиите не се милост на Мицкоски и за ова мора да има одговорност! Прес - конференција на Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 годинаМинистерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград.Министерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград, во организација на Регионалното училиште за јавна администрација - ReSPA и ОЕЦД-СИГМА, за проектот „PAR Connect – Дигитална платформа за следење на реформата на јавната администрација“. Ова признание претставува значајна регионална афирмација на реформските заложби на Министерството и потврда дека институционалните иновации, дигитализацијата и систематскиот пристап кон управувањето со реформските процеси се препознаваат како важни двигатели на модерната јавна администрација. Наградената ИТ-алатка претставува дигитално решение за следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кое овозможува поврзување на институциите, централизирано следење на реформските активности и навремен увид во степенот на реализација на преземените обврски. Преку неа се опфатени околу 40 институции и речиси 200 реформски активности, со можност за следење во реално време, подобра координација и поефикасно известување за напредокот на реформите. Посебната вредност на ова решение е во тоа што реформскиот процес го прави посистематичен, потранспарентен и поодговорен. Наместо реформите да останат само збир на стратешки определби и институционални обврски, алатката овозможува нивно континуирано следење, идентификување на предизвиците и создавање основа за навремено преземање соодветни мерки. На тој начин, дигиталната технологија се става во функција на подобро институционално управување и мерлив реформски напредок. Дополнителна вредност на ИТ алатката е нејзиниот потенцијал за поширока институционална примена. Конкретен пример за тоа се Министерството за дигитална трансформација и Управата за јавни приходи, кои врз основа на склучени меморандуми за соработка, ја презедоа ИТ алатката и се во фаза на нејзина адаптација за следење на сопствените стратешки документи и акциски планови. Овогодинешните награди за јавна администрација бележат исклучително голем интерес, со повеќе од 100 пристигнати апликации од институции од Западен Балкан и Источното соседство. Во рамки на категоријата специјални признанија, проектот на Министерството за јавна администрација е издвоен меѓу практиките што демонстрираат иновативност, институционална применливост и потенцијал за унапредување на јавниот сектор. Признанието добива дополнителна тежина имајќи предвид дека станува збор за регионална иницијатива која ги афирмира успешните реформски практики, поттикнува размена на знаења и искуства и создава простор за пренесување на иновативни решенија меѓу јавните администрации. За Министерството за јавна администрација, ова признание е поттик и обврска реформските процеси да продолжат со уште посилна динамика, со јасна насоченост кон резултати, институционална одговорност и квалитетни јавни услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter