Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
1Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
3Коњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензии
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Веб ТВНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР - во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес. Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот. На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена, соопштуваат од Министерството за транспорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР - во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години.СВР Скопје поднело кривична пријава против П.Н. (47) и А.Т. (62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од МВР, во јули 2025 година пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник. Уште една кривична пријава е поднесена против 49-годишен скопјанец, кој се сомничи дека во февруари годинава силувал дете кое не наполнило 15 години. Повторувањето на ваквите случаи го отвора прашањето дали актуелните законски решенија и казни се доволни за заштита на децата. Па така, според адвокатот Александар Тумановски, потребно е да се посвети внимание и на временските рокови во кои треба да се завршат случаите кога силувањето врз дете го врши друг малолетник. Посочува и конкретен пример, кога случајот не добил правна завршница во законскиот рок. -Во законот за права на децата е предвидено да се заврши постапката за година и 6 месеци, државните институции, меѓу кои и судот не успеаја во тој рок...за жал жртвата има дупла виктимизација бидејќи не се осудени тие лица, постапката заврши со запирање на таа постапка против тие лица и со тоа жртвата остана жртва без остварување на своите права,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Државата да биде немилосрдна и во поглед на казните за силување на деца, смета Тумановски – истакнувајќи дека покрај високи казни, треба да се разгледаат и други казнени методи, кои би биле во согласност со меѓународното право. – Треба да се испита и меѓународната пракса во поглед на казнувањето – дали освен казнувањето се користат и други методи на казнување за таквите престапи за таквите лица кои извршуваат такви дела, така да се треба да стои во оптек за да се спречи полов напад на деца,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Со измените на кривичниот законик од 2014 година, се предвидуваше и хемиска кастрација за делото силување на дете, но во пракса, тој метод никогаш не беше применет. За силување дете кое нема 15 години сега се предвидени казни од најмалку 12 години, па се до доживотен затвор, а истата казнена политика е дел и од новиот предлог Кривичен законик кој допрва треба да влезе во собраниска процедура. И во актуелниот и во предложениот кривичен законик казните за силување на дете кое наполнило 15, а не наполнило 18 години се движат од најмалку 10 години, па се до доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензииНа денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ .На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ и истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5% од БДП и дека буџетската рамка е насочена кон редовно сервисирање на обврските, продолжување на инвестициите и зајакнување на јавните финансии, при што значителен дел од средствата се наменети за пензии, социјална и здравствена заштита и образование. „Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Приходите се проектирани да растат побрзо од расходите, додека буџетскиот дефицит е утврден на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. Оваа рамка треба да овозможи редовно исполнување на обврските на државата, продолжување на инвестициите и постепено зајакнување на јавните финансии. За исплата на пензиите се планирани 123,8 милијарди денари. Редовната и предвидлива пензија е прашање на достоинство, самостојност и сигурност. За социјална заштита се предвидени околу 14,3 милијарди денари. Важно е овие средства да стигнуваат навреме, според јасни критериуми и без непотребни административни пречки. За здравствена заштита преку Фондот за здравствено осигурување се планирани 58,7 милијарди денари. Истата определба важи и за образованието“, рече Коњановски. Коњановски истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции, со фокус на инфраструктурни проекти, подобрување на локалната патна мрежа, водоводната и канализациската инфраструктура, како и модернизација на земјоделството и дека средствата се наменети за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашното земјоделско производство. „За капитални расходи се планирани околу 40,8 милијарди денари. Овие средства треба да се реализираат навремено, квалитетно и економски оправдано. Но еднакво значајни за секојдневниот живот на граѓаните се локалните патишта, водоводите, канализациските системи и пречистителните станици. Во земјоделството, вложувањата во модернизација, системи за наводнување и подобри услови за производство треба да му помогнат на домашниот производител да ја зголеми продуктивноста и посигурно да го пласира својот производ“, дециден е Коњановски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45